Намирници за превенција и борба против рак на дојка

Денес постојат различни кампањи за намалување на бројот на заболени од рак на дојка и подигнување на свеста кај жените, и тоа е со право. Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жените, а има и случаи на појава кај мажите. Раното дијагностицирање е клучно, затоа што се смета дека во почетната фаза може да се излекуваат до 95% од заболените. Октомври е месецот за подигнување на свеста против ракот на дојка, па посветивме време и внимание на темата.

Постојат различни начини за да го намалите ризикот од рак на дојка, а и воопшто можноста од ова лошо заболување. Причините може да имаат различна природа во зависност од медицинската историја на семејството и да зависат од генетските предиспозиции или од начинот на живот, а факт е дека скоро никој не обожава да зборува за нив. Бидејќи игнорирањето не помага за безбедноста да ни биде подобра, се стремиме кон едукација и навремено препознавање и дијагностицирање на симптомите, превенција и лекување.

Намирници за превенција и борба против рак на дојка 1

Грижата за здравјето, превенцијата и навременото дијагностицирање на ракот на дојка се фактори од пресудна важност за неговото спречување и лекување. Животниот стил, изборот на намирниците, начинот на подготовката имаат големо влијание. Ако тука се земе предвид и генетската предиспозиција, која може да е или да не е наклонета, тогаш треба уште повеќе да се внимава.

Иако не се знае со сигурност која храна обезбедува најдобра заштита од оваа злокобна болест, научниците откриле врска меѓу храната и развојот на ракот. Во продолжение прочитајте кои намирници помагаат во борбата против ракот на дојка, а исто така се корисни и за превенција на ова заболување во целиот организам.

Зелен лиснат зеленчук

Некои научни студии покажале дека лиснатите зеленчуци како што се кељот и спанаќот го намалуваат ризикот од појава на рак на дојка. Се смета дека, позитивното дејство на лиснатиот зеленчук се должи на способноста да го спречи прекумерното излачување на хормоните кои предизвикуваат појава на канцер и на тој начин помага превентивно.

Масни риби кои се богати со омега-3 масни киселини

Некои намирници како што е рибата која е богата со омега масни киселини, може да го спречи растот на канцерогените клетки. Истражувачите од Универзитетот во Дедиње го испитувале влијанието кое омега 3 масните киселини го имаат врз организмот. Со анализите биле опфатени повеќе од 800.000 жени од кои 20.000 имале канцер на дојката. Резултатите покажале дека исхраната богата со овие здрави масни киселини, односно рибата, го намалува ризикот од канцер за 14%.

Со оглед на тоа што никој од нас не може постојано да јаде риба и да внесе доволни количини од овие здрави масни киселини, имаме препорака за вас. Доколку сакате да го зголемите внесот на омега 3 масните киселини во организмот, ви препорачуваме да ги набавите Omega-3 масните киселини на Now Foods. Тие претставуваат концентрат од природно рибино масло кој е произведен под строги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и други загадувачи). Mоже да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом, да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или да ги купите низ аптеките во Македонија.

омега 3

Разните овошја и зеленчуци

Овошјето и зеленчукот се богати со антиоксиданси и витамини, вклучувајќи ги и витамините Ц, Е и фолатите. Покрај тоа, содржат и растителни влакна, па се препорачува дневно да се внесуваат најмалку 400 грама на овошје и зеленчук.

Тука посебно се истакнуваат доматите и крстоцветните зеленчуци. Доматите имаат висока содржина на антиоксиданси. Содржат и ликопен кој исто така е одличен борец против оваа болест. Ликопенот, освен во доматите го има и во лубеницата и папајата. Крстоцветните зеленчуци содржат супстанции т.н. глукозинолати кои им го даваат и карактеристичниот горчлив вкус. Научниците откриле дека токму тие го спречуваат оштетувањето на ДНА, па што можете почесто во исхраната вклучете карфиол, зелка, лук и кромид.

Мешунки

Намирниците како што се грав, леблебија и леќа можат исто така да го намалат ризикот од рак на дојката. Оваа храна е одличен извор на протеини, а содржи и калциум, железо и витамин Б.

Маслиново масло

Екстра девственото маслиново масло е најдобар избор за подготовка на јадење, затоа што е многу богато со антиоксиданси и фитонутриенти. Антиоксидансите делуваат превентивно против настанувањето на рак на дојката, со оглед на тоа што го спречуваат штетното дејство на слободните радикали кои се наталожуваат во организмот. Едно истражување покажало дека лицата кои го практикуваат медитеранскиот начин на исхрана, имаат дури 62% помал ризик да заболат од оваа болест, во споредба со оние кои поретко го користат маслиновото масло.

Семиња и јаткасти плодови 

Повеќето од нив, а посебно лененото семе содржи голема количина на лигнани и фитоестрогени. Една студија која била спроведена во 2009 година покажала дека ризикот од појава на рак на дојката кај жените во постменопауза драстично се намалил кај оние кои консумирале исхрана богата со лигнани. Може да го консумирате во вид на семе или ладно цедено ленено масло.

Совет плус: Лигнаните може да ги земете и преку додаток во исхраната кој е наречен Indole-3-Carbinol. Неговото дејство помага да се неутрализираат слободните радикали и промовира соодветна детоксикација. Студиите покажале дека користењето на Indole-3-Carbinol од Now Foods помага за да се одржи здравјето на градите и другите репродуктивни органи, клеточното здравје и го поддржува процесот на детоксикација. Кликнете тука за да дознаете повеќе информации или доколку сакате да го нарачате, посетете ја онлајн продавницата на Тримекс или поголемите аптеки ширум земјата.

индол

Ви препорачуваме да прочитате: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

Сподели: