храна со омега 3 1

Омега-3 масни киселини – моќен сојузник на здравјето

Здравјето е најважно,  нели? – Сите сакаме да бидеме здрави, а за тоа ни е потребна храна меѓу другото богата со незаситени масти. Од масните киселини, на организмот најпотребни му се омега 3 мастите кои помагаат во зачувување на здравјето.

Омега-3 масните киселини се полинезаситени масти. Се нарекуваат есенцијални поради тоа што нашиот организам не може сам да ги синтетизира, односно да ги создаде, па затоа треба да се внесат преку исхраната.

Може да ве интересира: Зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?

храна со омега 3 2

Храна богата со омега-3 масни киселини

Морската храна важи за прв избор штом станува збор за овие масни киселини. Покрај неа, омега-3 се наоѓа и во:

  • морски плодови
  • јаткасти плодови
  • семки од сончоглед
  • семки од тиква
  • јајце
  • авокадо
  • ленено семе.

Здравствени придобивки

Омега-3 масните киселини се сојузник на здравјето и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, го штитат мозокот и помагаат во зацврстување на коските.

Го намалуваат ризикот од појава на кардиоваскуларни болести

Омега-3 масните киселини помагаат во намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта. Насобирањето на масни наслаги на крвните садови може да биде причина за намалување на протокот на крв и нејзино згрутчување како и настанување на атеросклероза и срцев удар.

Омега-3 полинезаситените масни киселини го штитат срцето намалувајќи го ризикот од појава на кардиоваскуларни болести бидејќи спречуваат таложење на масни наслаги на крвните садови и го регулираат холестеролот и триглицеридите. Омега-3 мастите го нормализираат срцевиот ритам, односно делуваат превентивно на појавата на срцев удар предизвикан од срцева аритмија.

Го чуваат мозокот и го подобруваат расположението

Се смета дека популацијата која внесува поголеми количини на морска храна е помалку подложна на депресивни пореметувања. Денес, трендовите за слабеење се базираат на диети без масти, што предизвикува појава на депресивно расположение. Дополнителниот внес на омега 3 масни киселини покажува позитивни резултати кај различни пациенти и може да биде вистинска помош за лица кои страдаат од депресија.

Помагаат во зацврстување на коските

Иако нема доволно докази, сепак постои мислење дека овие масти помагаат во зачувување на цврстината на коските, особено во процесот на стареење. Го спречуваат губењето на коскена маса и ја помагаат апсорпцијата на калциум. Зајакнувањето на коските и антивоспалителниот ефект на омега 3 мастите има голема важност во намалување на ризикот од остеопороза кај возрасната популација.

Наша препорака за дополнителен внес на Омега-3 масни киселини

Како најдобар суплемент кој е извор на овие есенцијални масни киселини го препорачуваме концентратот од природно рибино масло на NOW. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, диоксини и др). Не содржи холестерол.

Концентратот од рибино масло на NOW e:

  • Единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма
  • Природен концентрат на рибино масло произведен од цели сардини, сардели и скуши, со мулти-патентиран процес на производство
  • Фармацевтски степен на квалитет тестиран во независни лабаратории за отсуство на сите загадувачи од околината (нема диоксини, жива, пестициди или тешки метали карактеристични за рибините масла)

Повеќе информации за концентратот од рибино масло може да најдете на онлајн продавницата на Тримекс од каде може да го нарачате со бесплатна достава. Производот го има и во поголемите аптеки низ земјава.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

омега 3

Ви препорачуваме да прочитате: Придобивки, улога и извори на омега 3 масните киселини.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: