Многумина не можат да си го замислат почетокот на денот без шолја црно кафе. Тој магичен пијалак кој утрото го прави совршено, ви помага да се расоните во целост и да добиете додатна доза на енергија, може да направи и нешто друго за вас! Кафето има и многу други намени. Постојат различни начини како може да се искористи, а меѓу нив е и ефикасното освежување на косата и намалување на темните кругови под очите.
Маска од кафе и вода за намалување на темните кругови под очите
Начинот на живот во голема мера може да влијае на вашиот изглед. Неправилниот начин на исхрана, недостатокот на сон, настинките, алергиите се само некои од причините за појава на темни кругови под очите. Тие се ноќна мора која ги измачува сите жени. Кафето може да ви помогне и за намалување на темните кругови под очите. А домашната маска е прв и лесно достапен избор!

Состојки:
- мелено кафе
- вода.
Начин на подготовка и употреба:
- Меленото кафе измешајте го со вода така што ќе добиете густа паста.
- Со вака подготвената паста намачкајте ги темните кругови под очите. Смесата оставете ја да дејствува околу 15 минути, а потоа исплакнете ја со чиста вода.
Темелно исчистете ја косата со помош на кафе
Претеравте со употреба на гел, пена или спреј за коса? Освежете ја и исчистете ја косата, а еве како:
Состојки:
- 1 рака мелено кафе.
Начин на подготовка и употреба:
- Доколку сакате да се ослободите од вишокот производи за коса кои се наталожиле со нивната секојдневна употреба, едноставно во вашиот скалп втријте 1 рака мелено кафе.
- На тој начин ефикасно ќе се ослободите од преостанатите наслаги од гел, пена и разни спреови за зацврстување и стилизирање на косата. Потоа, косата измијте ја како и вообичаено.
Ви предлагаме да прочитате: 5 причини зошто треба да пиете кафе секој ден.