Направете го домашен препарат и ослободете се од темните подочници за само 2 недели! Нека вашите очи и лице блескаат во потполн сјај!
Некои од главните причини за подочници се недоволен сон, стареење, сувост на кожата, долготрајно плачење, работа на компјутер, ментален или психички стрес. Која и да е причината за подочници на вашето лице, важно е да знаете дека постои природно решение кое ќе помогне повеќе од коректор и пудра. Магичната состојка е магдоносот!
Што е потребно?
Еден полна шака магдонос, мал сад за мешање, дрвена лажица, лажица врела вода и две памучиња за отстранување на шминка.

Подготовка:
Магдоносот ставете го во садот и со дрвената лажица силно притискајте по рабовите со цел да испушти сок. Доколку немате дрвена лажица, можете да се обидете со дрвен толчник. Потоа, прелијте го магдоностот со врела вода и промешајте.
Начин на употреба:
Изладената смеса ставете ја на памучните кругови и сместете ги под очите, при тоа треба да лежите и да ги оставите да делуваат најмалку 10 минути. Овој едноставен метод е одличен, а доколку сакате да дознаете и други домашни третмани како да се ослободите од темните кругови под очите кликнете тука.
Како влијае?
Магдоносот е полн со витамин Ц и К, кои ги смируваат отоците. Дополнително трудете се добро да се наспивате и да внесувате доволно течности, па заедно со секојдневна примена на овој домашен третман ќе видите добри резултати за период од 2 недели.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 начини како да се ослободите од подочници.