Најмоќното природно средство против отечени нозе

Најмоќното природно средство против отечени нозе

Отокот најчесто настанува како резултат на зголемување на количината на течност во просторот меѓу клетките. Причините за појава на отечени нозе може да бидат различни: топлина, проблеми со крвните садови, нарушување на работата на бубрезите, бременост, срцева инсуфициенција, хормонски пореметувања…

Овој проблем треба да се сфати сериозно, а најдобро е веднаш да се консултирате со вашиот матичен лекар. Тој ќе утврди што точно довело до отекување на долните екстремитети.

Народната медицина располага со широк асортиман на различни средства против оток, но еден од најефикасните од нив е магдоносот кој успешно ја отстранува прекумерната количина на течност од организмот.

Најмоќното природно средство против отечени нозе

Природен диуретик од магдонос при отечени нозе

За да направите природен диуретик кој помага при отечени нозе, потребни ви се свежи листови и корен од магдонос, односно целата билка.

  1. Добро измијте го магдоносот и измелете го во машина за мелење месо. Магдоносот може да го иситните и на друг начин со нож.
  2. Ситно сечканиот магдонос ставете го во термос и прелијте го со 500 мл врела вода. Оставете го преку ноќ. Наутро процедете ја течноста.
  3. Добиената течност пијте ја три пати на ден.
  4. Вака приготвениот диуретик се пие 2 дена по ред. После тоа направете пауза од 3 дена. Потоа, повторно пијте го диуретикот 2 дена по ред.

По првите два дена ќе забележите намалување на отокот на нозете. А и лесно ќе може да ги ставите омилените чевли.

Ви предлагамне да прочитате: 8 здравствени причини да се напиете чај од магдонос.

Сподели: