Новогодишните празници се наближуваат и секој дом го красат убави декорации кои го најавуваат доаѓањето на новата година. Традиционално За новогодишните и божиќни празници во голем број домови се припремаат најразлични суви и медени колачи кои претставуваат вистинско уживање и радост за најмалите.
А едни од омилените, се празничните медени колачи кои можете да ги направите во различни форми, да се препуштите на фантазијата и да ги декорирате по желба.

Состојки:
- 700 грама брашно
- 250 грама шеќер
- 60 грама путер или маргарин
- 4 јајца
- 150 грама мед
- 10 грама сода бикарбона
- 1 мала лажичка какао
- 1 лажичка мешани зачини (каранфилче, цимет и анасон).
За глазура:
- 160-200 грама шеќер во прав
- 1 белка
- сок од половина лимон
- 1 лажица густин.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете ги состојките за тестото. Замесете тесто (може да користите и миксер). Покријте го тестото и оставете го кратко време.
- На набрашнета подлога, расукајте кора и со калапи за колачи исечете различни форми.
- Формите ставете ги во намрсен плех или во плех обложен со хартија за печење.
- Колачињата печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 7 минути.
- Во сад за матење ставете ја белката и матете ја со миксер. Во садот постепено додадвајте го шеќерот во прав. Кога смесата ќе биде густа и бела, додајте неколку капки лимонов сок и густин. Исто така можете да ја поделите глазурата во неколку садови и да додадете различни прехранбени бои и да ги украсите медените празнични колачиња.