Превенцијата и препознавање на уринарните инфекции спречува последици

Под поимот, инфекција на уринарниот тракт може да се мисли на инфекција во кој било дел од уринарниот систем и тоа бубрезите, мочните канали, мочниот меур или т.н. мочна цевка, уретрата. Но, најчесто, повеќето инфекции се појавуват на долниот дел од уринарниот тракт – мочниот меур и уретрата. Постојат повеќе причини зошто мора да се внимава и како да го зачувате нормалното и лесно функционирање на овој систем. Во овој текст, благодарение на Д-р Нела Деспотовска, ве советуваме што е важно за препознавање на уринарните инфекции и како да се справите со нив.

Ако зборуваме за разлика меѓу мажите и жените, жените се многу почесто изложени на појава на уринарни инфекции. Како и да е, истите мора да се стопираат и третираат, затоа што ако воспалението се прошири на бубрезите, тогаш се можни посериозни последици. Затоа, потребно е навремено да ги препознаете и превенирате уринарните инфекции.

Превенцијата и препознавање на уринарните инфекции спречува последици

Кои симптомите укажуваат на проблем?

Не секогаш се појавуваат сите овие симптоми, но инфекциите на уринарниот тракт обично вклучуваат:

  • Силен, упорен нагон за мокрење
  • Чувство на печење при мокрење
  • Често мокрење на мали количини урина
  • Заматена урина
  • Црвена, светло розова или темна боја што е знак за крв во урината
  • Урина со силен мирис
  • Карлична болка, кај жени – особено во центарот на карлицата и околу областа на срамната коска.

Што треба да знаете за да ги превенирате уринарните инфекции?

Следните совети ќе ви помогнат да го намалите ризикот од инфекции на уринарниот тракт:

  • Пијте многу течности, особено вода. Пиењето вода помага во разредување на урината и гарантира почесто мокрење, што овозможува бактериите да се исфрлат од уринарниот систем пред да направат инфекција.
  • Пијте сок од брусница, секогаш е добро и не може да штети.
  • По празнење бришете се од напред кон назад. Правејќи го тоа по мокрење и после празнење на дебелото црево, си помагате да се спречи ширењето на бактериите од аналниот предел до вагината и уретрата.
  • Испразнете го мочниот меур што поскоро по сексуален однос. Испијте чаша вода и тоа ќе е полесно.
  • Користењето на јаки средства за одржување на личната хигиена може да е проблем и да направи иритација на уретрата.
  • Користењето на дијафрагма, нелубрицирани или спермицидни кондоми, може да е една од причините за уринарна инфекција.

Што друго може да се направи?

Третирањето на инфекциите на уринарниот тракт со антибиотици е многу честа препорака, а добро е да знаете дека може да преземети и друи мерки самите дома. Секако, во случај на поголем проблем и болки, задолжително консултирајте се со својот лекар кој ве следи. А, од нашето досегашно истражување на темата и искуствените совети на Д-р Нела Деспотовска, можеме да ви ја препорачаме употребата на  D-mannose од Now Foods, која има пријатен вкус и е апсолутно безопасна и може да ја користат бремени жени, деца и дијабетичари.

D-Mannose од NOW FOODS  е 100% чиста, природна, добиена од не-ГМ пченка, бел и сладок компир, буково или брезово дрво. Таа има калорична вредност од 4 калории во еден грам. Чистотата и идентитет се потврдени од страна на надворешна лабораторија со користење на специфична HPLC метода за да се обезбеди не-контаминација со други шеќери и било какво разредување (ослабување) со други шеќери, како што се декстроза или сахароза.

д-маноза

Производот може да го набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Истите се достапни и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви предлагаме да прочитате: Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: