како да го подобриме здравјето

Предавање од Сѐ за храна: Како да го подобриме здравјето?

Драги пријатели, во соработка со Американското катче од Битола, ве покануваме да присуствувате на предавање на кое ќе може да слушнете повеќе совети, идеи и рецепти кои ќе ви помогнат за подобрување на здравјето, а воедно и животот. Темите на кои ќе дискутираме се:

  • кардиоваскуларни заболувања
  • висок крвен притисок
  • дебелина
  • дијабетес
  • карциноми

… и нивната поврзаност со храната. Одвојте малку време, бидете дел од настанот и подобрете си го здравјето. Влезот е бесплатен, а предавањето ќе се реализира во просториите на Американското катче во Битола.

предавање како да го подобриме здравјето

Ве очекуваме во голем број! 🙂 Се гледаме во четврток на 23.02.2017 година, во 18:00 часот, на дружење и добар разговор.

Бројот на седишта е ограничен, а поради големиот интерес ве молиме да го потврдите вашето присуство преку емаил: americancornerbitola@gmail.com или телефон: 047/ 203 326.

Линк од настанот на Facebook: https://www.facebook.com/events/1212009482239199/.

Клучни зборови:

Сподели: