Пролетна детоксикација во 7 лесни чекори

Пролетна детоксикација во 7 лесни чекори

Време е за пролетна детоксикација! Со доаѓањето на потоплите денови, на телото му е потребен одмор од токсините од калоричната и тешка зимска храна. Покрај нездравата храна, токсините во организмот влегуваат и од загадениот воздух, загадената вода, лековите, индустриските средства за чистење и хигиенски производи…

Чистењето на телото од токсини е многу важно, бидејќи на овој начин можете да го подигнете нивото на енергија и да спречите појава на одредени болести кои настануваат како резултат на насобраните токсини во телото. Според кинеската медицина, пролетта е годишно време кога функцијата на црниот дроб е најактивна и кога процесот на чистење на телото е најинтензивен. Затоа, во продолжение прочитајте како да направите пролетна детоксикација во 7 лесни чекори.

Пролетна детоксикација во 7 лесни чекори

Кои симптоми укажуваат на потреба од детоксикација?

  • осип на кожата, егзема, акни
  • чести главоболки
  • надуеност и гасови
  • дијареа или запек
  • замор и слаба концентрација
  • алергии и синузитис
  • преосетливост на храна и мириси
  • прекумерна тежина
  • проретчување и опаѓање на косата.

Како да направите пролетна детоксикација во 7 лесни чекори?

Постепено исфрлете ја тешката храна што ја имавте на вашето зимско мени, особено храната што создава воспаленија, како што се десертите полни со шеќер и адитиви и брзата храна. Ако сте јаделе премногу глутен или млечни производи во зима, време е да го промение тоа. Исто така, целосно елиминирајте ги или намалете ги алкохолот и кофеинот, бидејќи дополнително го преоптоваруваат црниот дроб.

  • Збогатете го вашето мени со зеленчук и овошје – Моркови, аспарагус, млад кромид, ротквици, зелен лиснат зеленчук, цикорија, зелена салата, копар… Таквата храна му обезбедува на телото многу хранливи материи и антиоксиданси и го чисти.
  • Зголемете го внесот на растителни влакна – За да го стимулирате варењето и цревната перисталтика, задолжително зголемете го внесот на влакна. Пролетното овошје и зеленчук се богати со растителни влакна, а исто така, пожелно е да консумирате и чиа или ленено семе.
  • Пијте неколку литри вода дневно – За да се поттикне елиминацијата на токсините растворливи во вода преку бубрезите, консумирајте најмалку 2-3 литри вода дневно. Може да консумирате и зелен чај кој е одличен за детоксикација. Денот можете да го започнете и со чаша топла вода во која ќе додадете сок од лимон.
  • Поголема физичка активност – Токсините се излачуваат од телото преку кожата, односно преку потење. За да го поттикнете потењето и да го исчистите телото на овој начин, воведете некоја од вашите омилени физички активности: брзо одење, трчање, пливање, пилатес, јога или планинарење.
  • Имајте 7-8 часа квалитетен сон – Квалитетниот сон е клучен за здравјето и високото ниво на енергија. За подобар сон, пред спиење можете да пиете чај од камилица или лаванда.
  • Вежбајте правилно дишење – Правилното дишење поттикнува подобра оксигенација на целото тело, како и исфрлање на токсините преку белите дробови. Длабокото и рамномерно дишење е предуслов за оптимално здравје.
  • Воведете практика на самомасажа – За дополнително да ја стимулирате циркулацијата и да го исчистите телото од токсини, почнете да вежбате самомасажа. Можете да користите и некое етерично масло и со него да го масирате целото тело.

Ви препорачуваме да прочитате: Детокс сок од краставица и ѓумбир.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: