Рефлуксна болест (киселини во желудникот) - причинители и симптоми 1

Рефлуксна болест (киселини во желудникот) – причинители и симптоми

Гастроезофалгеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) е заболување предизвикано од навлегување или враќање на желудочната содржина во хранопроводот и усната празнина. При тоа, се јавува непријатно чувство на печење во грлото, кое меѓу народот е познато како „киселини“, па да видиме што може да направиме за себе за да си ја подобриме состојбата во ваков случај.

Кога јадиме, храната преку хранопроводот оди во желудникот. Хранопроводот се состои од слоеви на мускули кои се стегаат и опуштаат и на тој начин го помагаат движењето на храната до желудникот. Кај спојот на желудникот и хранопроводот, се наоѓа кружен мускул кој е т.н. гастроезофалгеален сфинктер, кој се опушта кога храната влегува во желудникот, а се стега откако таа ќе влезе внатре и на тој начин се спречува нејзиното враќање во хранопроводот. Желудникот нормално испушта киселини и така започнува дигестијата на храната, но проблемот настанува кога храната помешана со желудочна киселина почнува да се враќа во хранопроводот.

Рефлуксна болест (киселини во желудникот) - причинители и симптоми 2

Причинители на рефлуксна болест

Се претпоставува дека нездравата и лоша исхрана, гојазноста, високиот удел на масно ткиво во пределот на стомакот и целокупниот нездрав начин на живот води до настанување на рефлуксна болест. Некои истражувања покажаа дека одредена храна може да предизвика рефлуксна болест и покрај тоа што се вбројува во здрава. Тоа е така поради нејзината киселост, бидејќи може да дојде до зголемено создавање на желудочни киселини. Па така, ако забележите дека некои од овие здрави намирници не ви одговараат и ви предизвикуваат тегоби, едноставно намалете со нивната консумација:

  • домати
  • лук
  • цитрусно овошје
  • месо и месни преработки
  • оцетна киселина
  • готови намази и преливи
  • пеперминт
  • кафе
  • газирани пијалоци
  • цигари
  • алкохол
  • одредени лекови.

Со цел да видите која храна ви ги влошува симптомите може да водите и дневник. На тој начин многу побрзо ќе откриете кои намирници не одговараат на вашиот организам.

Симптоми на рефлуксната болест

Лицата кои патат од оваа состојба имаат јасни симптоми и многу лесно може да ги препознаат. Тие симптоми се:

  • киселини и чувство на болка и печење кои се шират кај вратот, грлото и лицето
  • печење во областа под градната коска
  • будење во текот на ноќта поради чувство на гушење или интензивно кашлање
  • хронична иритација, болка и сувост во грлото
  • сува уста
  • Чувство на тежина и подуенсот после јадење
  • потешкотии при голтањето
  • непријатно чувство при лежење
  • непријатен здив
  • мачнини
  • необјасниво губење на тежина.

За многу скоро очекувајте ги и препораките за превенција и лечење на рефлуксна болест.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои спречуваат стомачни тегоби и мачнина.

Сподели: