Мали, слатки рум бомбици се совшени за секоја прилика со друштвото, за вашата куќна слава, именден, роденден или било кој повод кој ве радува. Не пропуштајте да ги направите, а потоа очекуваме ваш коментар за нив!
Лесни за правење, со вкус кој е фантастичен и за големо уживање!

Состојки:
- 250 мл слатка павлака
- 400 гр црно чоколадо за готвење
- 70 гр путер или маргарин
- 2 лажици рум (за замена по желба може коњак)
- 400 гр мелени бисквити
- вишни од компот
- 100 гр црно чоколадо за декорирање.
Подготовка:
- Чоколадото и путерот/маргаринот се топат на оган.
- Откако малку ќе се изладат, се додаваат слатката павлака, мелените бисквити и румот или коњакот зависно од тоа за што ќе се одлучите.
- Се меша прво со лажица, а потоа со раце убаво се меси.
- Така подготвената смеса се става во фрижидер за замрзнување за добро да се стегне, а потоа се формираат топчиња, при што во во секое топче во средишниот дел се става по една вишна.
- На крај декорирајте ги така што ќе ги извалкате во црно чоколадо кое претходно добро сте го иситниле со ренде.
Вкусот на овие рум бомбици е неопишливо добар, мора да го пробате!
Ви препорачуваме да прочитате и бомбици од јаболка и рум со кокос.