Сладок компир - батат

Сладок компир – батат е исклучително хранлива намирница

Збогатете ја вашата листа на здрави и хранливи намирници, и пробајте нешто ново и необично за нашите простори како што е индискиот компир кој уште се нарекува сладок компир – батат. Тој е многу здрава намирница која го зајакнува имунитетот и е погодна за целокупното здравје, па добро е да го консумирате почесто.

Превкусниот сладок компир – батат е хранлива намирница која се смета дека е тропска, а потекнува од Средна и Јужна Америка. Се среќава во неколку бои кои се носители на различни вкусови и тоа бела, портокалева и црвена боја. Масовно се одгледува во Америка, Африка и Азија, а во последно време се повеќе го има и на нашиот континент.  Слаткиот компир е скробна намирница, па во кулинарството може да се употребува слично како и обичниот компир.

Сладок компир - батат

Хранливата вредност на превкусниот сладок компир – батат е голема:

  1. Слаткиот компир е богат со значајни количини на витаминот Б6 кој во организмот го намалува присуството на хомоцитеин, материја која предизвикува дегенеративни заболувања, а исто така е одличен за потхранување на нервниот систем и ефект на опуштање.
  2. Во слаткиот компир има прилично голема количина на витамин Ц, за кој луѓето сметаат дека е неопходен при настинки и грип, а помалку се зборува за неговата важност за цврстина на коските, спречување на деформации на забите и непцата, добро варење на храната и уредна циркулација. Исто така, витаминот Ц го поттикнува природното производство на колагенот во организмот, кој е неопходен за еластичност и младешки изглед на кожата.
  3. Витаминот Д во неговиот состав е од голема важност за зајакнување на имунитетот и одржување на општото здравје посебно во денови кога нема доволно сонце.  Овој витамин е важен за одржување на нивото на енергијата, расположението, го чува здравјето на срцето, коските, нервите, забите и ја помага работата на штитната жлезда.
  4. Слаткиот компир – батат е богат со големи количини на железо и освен што помага за одржување на енергијата на добро ниво, исто така го поддржува создавањето на белите крвни зрнца и го подобрува имунитетот.
  5. Еден од најизразените антистрес минерали е магнезиумот, а во слаткиот компир ни е и тоа како достапен. Магнезиумот е неопходен за здравјето на артериите, коските, срцето, муслуките и нервите.
  6. Слаткиот компир е богат и со калиум кој го регулира отчукувањето на срцето и нервите. Како и останатите електролити, калиумот е задолжен за многу важни функции во организмот, како што се опуштање на мускулите од грчеви, намалување на отоци и контрола на работата на бубрезите.
  7. Портокалевата боја на слаткиот компир е јасна потврда дека во него има голема количина на бета-каротен и многу други каротеноиди кои го одржуваат здравјето на видот, го зајакнуваат имунитетот и се важни антиоксиданси кои не штитат од канцерогени заболувања.

Покрај тоа што е многу богат со хранливи материи, слаткиот компир е корисен и во кулинарството каде може да се користи на разни начини. Можете да го печите во рерна, на скара, да го пржите, да го готвите на пареа, да го користите како состојка во чорби или да го додавате во утринските шејкови.

Сподели: