Знаете ли која е една од најважните препораки за превенција од вирусот херпес симплекс? – Силен имунитет е одговорот! Колку посилен е имунитетот, толку е помала веројатноста дека ќе се појави херпес на устата или околните делови. Се смета дека со овој вирус се заразуваат скоро сите уште пред 20-тата година. Не преставува траен проблем, но може да предизвика прилично голема локална болка. Затоа, ви откриваме што помага и како најдобро да се справите.
Овој вирус создава мали непријатни и болни меурчиња, кои наликуваат на осип, а често пати се полни со течност. Местото каде ќе се појави чеша, се вцрвенува и е видливо иритирано. Најчесто се појавува на усните, на отворите на носот или понекогаш помеѓу очите. Сите ние сме различно предиспонирани, а најчеста помеѓу популацијата е појавата на херпес на уста, што беше причина да се задржиме баш на него.

Постојат различни производи и корисни суплементи кои помагаат во лекувањето на херпесот на устата. Но, пред да преминеме на нив, да разгледаме кои начини на домашно третирање помагаат против херпес.
Паста за заби
Прва помош на која сите помислуваме е токму пастата за заби. Истата се препорачува да се нанесе на заболеното место само во првата фаза од појавата на херпесот, а не и да се продолжи откако ќе стагнира чешањето и меурчињата. Нанесувањето треба да е внимателно и да не се зафаќаат здравите делови на устата.
Искористете ја помошта на солта
Навлажнете го прстот, а потоа земете сол. Нанесете ја солта врз херпесот и нежно притиснете околу 30 секунди.
Камилицата е лек од природата
Врз херпесот, нанесете тинктура од камилица, неколку пати во текот на денот. Или направете чај од камилица, испијте го, а кесичката ставете ја врз херпесот.
Лукот е едноставен лек
Земете едно чешне лук и пресечете го на половина. Со него премачкајте го херпесот. Повторувајте го тоа неколку пати во денот.
Ладен сладолед или мраз е од помош
На херпесот не му годи ладното. Идеални услови за раст на херпес вирусот се влажна и топла средина. Ако немате сладолед при рака, мразот е уште подобра опција. Доколку почувствувате дека се активирал, ставете коцки мраз врз штотуку појавениот херпес и спречете го неговото ширење.
Прополисот е од голема корист
Прополисот има антибактериски, антивирусни и антифунгални својства. При појава на херпес се препорачува да користите маст или капки со прополис, кои треба да ги нанесете до пет пати во текот на денот на зафатените места. Притоа, мора да напоменеме дека треба да внимавате да не предизвикате иритација со прекумерно нанесување, затоа што прополисот е природно, но јако средство.
Корисни суплементи против појава и за побрзо заздравување на херпес
Како што спомнавме и погоре, одржувањето и зачувувањето на имунитетот е од посебна важност за да се спречи херпесот. За таа цел, ви ја препорачуваме L-Lysine аминокиселината од Now Foods која ефикасно помага при настанат херпес или ранички. Оваа есенцијална амино киселина помага за одржување на здравата имунолошка функција, ја поддржува синтезата на колагенот и што е важно е без ГМО.

L-Lysine може да го побарате во поголемите аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на L-Lysine, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да ja нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
За крај, ви посакуваме силен имунитет и здравје кое ќе ве служи, а ако имате потреба и сакате да го користите L-Lysine, препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар.
Ви препорачуваме да прочитате: Како да се постигне силен имунитет на природен начин?
*Спонзориран текст.