Спречете уринарни инфекции! 7 совети од Д-р Нела Деспотовска!

Уринарните инфекции знаат да бидат непријатни и тоа како! А, кој сака непријатност? – Сите копнееме по лагодност и уживање и едвај чекаме „сите коцки да се состават“ и максимално да уживаме во времето кое го издвојуваме за себе. Дома или некаде на одмор, ако имате или некогаш сте имале уринарна инфекција, сигурно ви е позната непријатноста која ја предизвикува. Летото е период кога ризикот од уринарни инфекции е поголем. Ако имавте проблем, тука можеби ќе го најдете своето решение. За да останете здрави и да спречите уринарни инфекции, прочитајте ги нашите 7 корисни совети!

Лесни за применување, а ќе ви го разубават не само летните и есенските топли денови, туку и секој период од годината во кој потенцијално може да ви се појави проблем. Сега малку да објасниме зошто е зачестеноста поголема во топлите денови. Летните месеци не само што се жешки, туку и влажноста на воздухот е поголема. Колку е поголема важноста, толку е поголем ризикот од некоја уринарна инфекција. Тоа е затоа што влажноста создава поволна средина за развој на бактерии. Топлата и влажна средина проследена со дехидрирано тело и водена облека уште повеќе го зголемува ризикот. И, иако се наближува крајот на летото, ако решите да одите на подоцнежен летен одмор или да се одморите есенски во некој убав амбиент каде има базен, нашите совети и тоа како ќе ви користат за да си помогнете против уринарните инфекции.

Ви препорачуваме да прочитате: Превенцијата и препознавање на уринарните инфекции спречува последици.

Спречете уринарни инфекции! Имаме 7 совети за вас!

Пијте вода

Еден од најдобрите начини за превенција од уринарни инфекции е хидратација на организмот преку цел ден, особено ако поминувате повеќе време надвор. Поради високите температури, се потиме повеќе, што значи дека губиме вода. Дехидратацијата е прилично честа во лето поради потењето и недоволен внес на вода, што е поволно за развој на уринарна инфекција. Хидратацијата помага за разредување на урината и нејзино почесто исфрлање од организмот, а со урината се исфрлаат и бактерии, па пијте 2-2,5 литри вода дневно.

Бришете ја потта и водата од телото

Бактериите се развиваат во влажна средина, затоа е важно да се одржува телото суво, без пот и вода. Во лето се капиме почесто, користиме базен, одиме на езеро или море, ризикот од уринарни инфекции се зголемува. Ако носите костим на капење цел ден, водениот заменете го со сув. После вежбање, избришете ја потта и ставете сува облека на себе. А, после капење добро бришете ја водата од телото.

Заштитете се од високите температури

Бидејќи жешкото време е поврзано со развој на бактерии, обидете се да избегнувате да сте надвор кога е најтопло. Останете дома или движете се под сенка ако мора да излезете надвор. Ако морате да излегувате, добро хидрирајте се и почесто менувајте долна облека. Откриено е дека на температура над 26 степени, инциденцата на уринарни инфекции се зголемува за 15%.

Не ја задржувајте урината

Кога ќе почувствувате потреба да одите до тоалет, испразнете го мочниот меур и не држете ја урината. Нередовното празнење на мочниот меур го зголемува ризикот од инфекции. Со ослободување на урината, се исфрлаат и бактериите, со што се намалува веројатноста од уринарни проблеми.

Одржувајте редовна хигиена

Личната хигиена треба да биде приоритет број 1 на секого. Редовната хигиена е одлична превенција од болести, бактерии, инфекции и слично. Ова особено е важно за жените кога одат во тоалет, бидејќи имаат пократок мочен канал од мажите и се поподложни на уринарни инфекции.

Избегнувајте тесна облека

Премногу тесната облека предизвикува повеќе потење и создава влага околу гениталиите, со што се зголемува бројот на бактериите. Во текот на летните денови, тесната и темна облека заменете ја со лесна, светла и поширока облека во која ќе се чувствувате удобно.

Што друго може да се направи, помагаат ли додатоците?

Третирањето на инфекциите на уринарниот тракт со антибиотици е многу честа препорака, а добро е да знаете дека може да преземетe и друи мерки самите дома. Секако, во случај на поголем проблем и болки, задолжително консултирајте се со својот лекар кој ве следи.

Речиси непозната кај нас, D-mannose е производ број 1 за третман на уринарни инфекции во светот. Доколку страдате од чести инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур, пиете антибиотици, но инфекциите се повторуваат, а увинот чај не помага, тогаш Д-манозата може да биде вистинското решение за вас.

А, од нашето досегашно истражување на темата и искуствените совети на Д-р Нела Деспотовска ни ја потврди информацијата за употребата на D-mannose од Now Foods, која има пријатен вкус и е апсолутно безопасна и може да ја користат бремени жени, деца и дијабетичари. D-Mannose од NOW FOODS  е 100% чиста, природна, добиена од не-ГМО пченка, бел и сладок компир, буково или брезово дрво. Таа има калорична вредност од 4 калории во еден грам. Чистотата и идентитет се потврдени од страна на надворешна лабораторија со користење на специфична HPLC метода за да се обезбеди не-контаминација со други шеќери и било какво разредување (ослабување) со други шеќери, како што се декстроза или сахароза.

Друго решение кое ни го препорачува Д-р Нела за подобро уринарно здравје се Cranberry Caps. Станува збор за концентрат од брусница од водечката фирма за суплементи на природна основа која ја споменуваме и погоре – NOW FOODS. Cranberry Caps  е најмоќна достапна брусница на пазарот со максимална концентрација на брусница во својот состав – 700 mg (8:1) што е еднакво на 5600 mg свежа брусница.

уринарни инфекции

Производите може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна. Исто може да ги набавите и од поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви предлагаме да прочитате: Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: