Патувањето ни овозможува да истражуваме други култури, да посетуваме историски значајни места, да одмораме покрај плажа и сенка… Но, патувањето не подразбира само качување во авион и започнување на авантурата. Новите континенти и земји имаат свои предизвици кои не се „пријателски расположени“ кон стомакот. Затоа, тука се добрите пробиотици кои треба да бидат задолжителен дел од летниот одмор.
Патничката дијареја, уште позната како патничка болест е најчестото заболување кое се јавува при одморите. Со оглед на тоа што летната сезона е во полн ек, направивме истражување и ви пренесуваме совети и насоки како може да превенирате патничка дијареја, а со тоа вашиот одмор да биде совршен.

Што е патничка дијареја?
Согласно пресметките на Центарот за контрола на болести, речиси 10 милиони интернационални патници се соочуваат со некоја форма на патничка дијареја. Тоа е инфекција на стомакот и цревата која најчесто е предизвикана од бактерии. Факт е дека 80% од случаите на патничка дијареја се предизвикани од најчестите инфективни бактериски агенти. А како доаѓаат бактериите во организмот е едноставно. Сите имаме потреба од храна. А кога храната не е соодветно приготвена по пропишаните стандарди за безбедност, се зголемуваат шансите за појава на патничка дијареја.
Кога бактериите ќе навлезат во организмот потребни им се неколку дена за да се размножат и да ги предизвикаат првите симптоми. Затоа, патниците може да ги забележат симптомите при крајот на одморот или пак по враќањето во својата земја.
Најчест предизвикувач е ентеротоксичната E. coli, која е позната како ЕТЕЦ. Таа ја иритира интестиналната слузница, предизвикувајќи течна столица, подуеност и стомачна непријатност.
Најчести симптоми на патничка дијареја
Најчестите симптоми кои се јавуваат при патничката дијареја може да се поделат во неколку фази.
Фаза 1
Во оваа почетна фаза, столицата станува течна, стомакот е подуен, а може да се почувствуваат повремени грчеви во стомакот.
Фаза 2
Штом ви се јави гадење и имате силни нагони за одење во тоалет, инфекцијата напреднала. Време е посериозно да преземете мерки, за да не се уништи вашиот одмор.
Фаза 3
Малку покачена температура, гадење кое е придружено со повраќање и главоболка се најчестите симптоми во оваа фаза.
Фаза 4
Доколку движењата на цревата и одењето во тоалет ви предизвикуваат голема болка или забележите крв во столицата задолжително побарајте медицинска помош.
Како да превенирате патничка дијареја?
Најдобар начин е ако, наместо да ја третирате, успеете да ја превенирате појавата на патничката дијареја. Ви ги презентираме најдобрите начини за превенција на патничката дијареја преку добри навики, често миење на рацете, капење во чиста вода, добри избори на храна и користење на суплементи.
Пробиотиците и патничката дијареја
Со зголемување на бројот на добрите бактерии во стомакот се подобрува способноста на организмот да се бори при патничка дијареја, а истата и да се превенира. Голем број на студии ја имаат докажано ефективноста на пробиотиците во превенција и третман на патничката дијареја. Едно истражување објавено во Journal of Nutrition силно препорачува употреба на суплементи – пробиотици, особено за третман на патничка дијареја.

Ако сакате на природен начин да ја превенирате и третирате патничката дијареја, еве неколку совети кои треба да ги имате во предвид.
Која храна е извор на пробиотици?
Голем број на продукти од секојдневната исхрана содржат добри пробиотици. Започнувајќи од јогурт, кефир, комбуха, сирење, па се до кисели краставички и темно чоколадо, пробиотиците можат да се најдат и низ производите кои често се наоѓаат на нашето мени.
Кои се најдобрите суплементи со пробиотици и како треба да користат?
При изборот на пробиотици најдобро е да се земе суплемент кој содржи неколку различни корисни бактерии. Особено посветете внимание на етикетата и проверете дали суплементот содржи:
- Lactobacillus acidophilus
- Bifidobacteria bifidum.
Пробиотиците консумирајте ги 2 недели пред вашето патување. Продолжете со консумирање на пробиотици за време на одморот и по завршувањето на патувањето.
Acidophilus 4×6 – моќна комбинација која го чува вашиот стомак за време на патувањата
Од пробитоците кои ги имаме кај нас, може да ги издвоиме Acidophilus 4×6. За дополнителна поддршка на имуниот систем го препорачуваме овој природен суплемент на најпродаваниот бренд NOW FOODS кој во себе содржи 6 корисни пробиотици меѓу кои и Lactobacillus acidophilus, која создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетните цревни бактерии, а со создавањето на ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на отпадот од организмот.
Acidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата.
Во неговиот состав влегуваат: Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium longum, Streptococcus thermophilus, Lactobacillus bulgaricus, Lactobacillus paracasei.
Производот можете да го купите од сите подобро снабдени аптеки, но и да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс.
Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период.
*Комерцијален текст