ублажување на егзема 1

8 совети за полесен третман на егзема

Егземата претставува промена на кожата која предизвикува воспаление, црвенило, чешање… Најчесто се јавува кај новороденчињата и малите деца, а нешто помалку кај возрасните. Нејзиното третирање може да биде лесно ако се открие навреме. Штом забележите некој симптом кој асоцира на егзема, посетете лекар. А, еве и неколку совети кои ќе ви бидат од помош при третман на егзема.

Егземата е честа појава на кожата и ако ја зебележите важно е да знаете дека има решение и за неа. Главните симптоми се чешање, разранета, сува, груба, воспалена, иритирана и кожа која се лупи. Може да се појави било каде на телото, а најчеста е на рацете, внатрешниот дел на лактите, задниот дел од колената и на главата.

ублажување на егзема 2

Може да ве интересира и: Испукана кожа на раце и стапала – што ја предизвикува и како да си помогнете.

Солената вода помага против егзема

Како ефикасно средствто за третирање на кожа со егзема, се покажала солената вода. Ако сте во можност летото поминувајте го на море, а во зимските денови од аптека набавете солен раствор. Солената вода исто така може да си ја направите дома. Само нанесете на зафатените делови на кожата.

Избегнувајте намирници кои предизвикуваат воспаленија

Во природата постојат намирници кои предизвикуваат воспаление во организмот и со самото тоа ја влошуваат егземата. Таква храна е храната богата со рафинирани шеќери и скроб.

Користете рибино масло

Експертите и стручните лица од оваа област сметаат дека рибиното масло има благотворен ефект кога се во прашање кожните проблеми. Тоа е затоа што рибиното масло е богато со омега 3 масни киселини кои имаат силни антивоспалителни својства.

А, ако ви е потребен ви е дополнителен внес на омега 3 масни киселини, имаме препорака! – Изберете Omega-3 од NOW. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи. Omega-3 од NOW е единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма. EPA и DHA придонесуваат за одржување на:

  • нормален крвен притисок
  • нормално ниво на триглицериди во крвта
  • нормална функција на срцето

Мачкајте ја кожата со кремови на база на билки

Кремовите на природна база во чиј состав има разни билки, се од голема помош при третирање на егземата. Побарајте кремови и масти кои во составот содржат кантарион, камилица, невен, хамамелис и слично.

Исфрлете ја храната која содржи алергени

Луѓето кои страдаат од егзема, обично имаат алергии на храна. Затоа се препорачува да се избегнуваат најпознатите алергени, за да не дојде до влошување на состојбата. Меѓу намирниците кои предизвикуваат алергија се млеко и млечни производи, соја, јаткасти плодови, риба, јајца и друго.

Внесувајте што повеќе храна богата со пробиотици

Сигурно веќе знаете дека пробиотиците се добри бактерии за варење на храната, подобрување на здравјето и одржување на баланс на цревната микрофлора. Меѓу другото, помагаат и за третман на егзема. Нивен дополнителен внес се препорачува особено кога се препишани антибиотици. Ги има во ферментираната храна, но при одредени состојби таа не може да ги задоволни потребите, па потребно е да се внесат како додаток на исхраната. Наш избор е Acidophilus 4×6. Acidophilus 4×6 од NOW е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии. Во составот содржи 4 милијарди од 6 вида на пробиотици.

пробиотици ацидофилус

Земајте витамин Д како додаток во исхраната

За максимално искористување на витаминот Д-3, најдобар избор е Vitamin D-3 на NOW. Дополнителниот внес на витамин Д-3 се препорачува за заштита на кожата, при подолг престој во затворен простор, како и употреба на лекови.  NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула или маслен раствор. Витаминот Д-3 може да се сретне во вид на капсула од 1000 и 10 000 ИЕ и во вид на капки од 400 и 1000 ИЕ.

Споменатите производи може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Истите ги има и во поголемите аптеки низ земјата. Ако имате прашања до Д-р Нела Деспотовска, пишете ни на нашиот меил info@sezahrana.mk. Ние ќе ја контактираме и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Симптоми на егзема и начини на третирање.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: