Турскиот специјалитет ѓозлеме на домашен начин 1

Турскиот специјалитет ѓозлеме на домашен начин

Веруваме дека и вие како Кате, ќе бидете воодушевени кога ќе го пробате ова вкусно нешто! Ѓозлеме е турски специјалитет кој сега можеме и ние да го направиме самите дома и тоа по одличен испробан рецепт!

Описот на драгата Кате беше толку позитивен и мотивирачки што со голема радост го споделуваме рецептот за негова подготовка. како што спомнавме, вели дека била воодушевена кога прв пат пробала ѓозлеме, а посебно и се допаднало бидејќи е толку едноставно, а превкусно. Филот кој прв пат го пробала бил со некои тревки внатре, кои не успеала баш најдобро да ги разграничи кои се и што се, но било вкусно. Како и да е, филот може да биде и по ваш избор на пример, сирење или месо.

Турскиот специјалитет ѓозлеме на домашен начин 2

Состојки:

За тесто:

  • 250 гр брашно
  • ¼ лажичка сол
  • топла вода по потреба.

За фил:

  • 4 лажици испасирано сирење
  • ½ лажичка копар
  • 1 помал страк праз (само зелениот дел)
  • сол по потреба
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
  2. Поделете го на 4 топчиња и оставете ги да постојат околу 20-30 минути.
  3. Празот ситно исечкајте го и кратко пропржете го, а потоа измешајте го со испасираното сирење и копарот.
  4. Од секое топче расукајте тенка кора, па нанесете од филот и завиткајте во ролат.
  5. Ролатот повторно расукајте го во кора. Повторете ја постапката со другите 3 топчиња тесто.
  6. Пржете ги во нелеплива тава со малку масло. Послужете ги топли со ајран и уживајте ги потполно!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Домашни посни лепчиња без масло.

Сподели: