горазд николовски

Сѐ за храна и Portal Café ве канат на хуманитарна забава!

Portal Café заедно со онлајн магазинот Сѐ за храна ве покануваат на хуманитарна забава. Да ја покажеме нашата хуманост и да помогнеме со нашите донации. Лекувањето е веќе започнато и мора брзо да се реагира за да може да се спаси ногата на Гого и да му се овозможи нормален живот!

Повелете во сабота на 12.12.2015 во Portal2, ќе ве забавува dj Zombe и ќе направите добар гест.
На Горазд Николоски – Гого од Битола му е потребна помош сега повеќе од кога и да е. На Гого неодамна му е дијагностициран малиген коскен тумор на десната нога. Пред него е период на борба и лечење. Гого верува во себе, но потребна му е и нашата помош. Низ животот извози многу километри, искачи многу височини, победи многу лични и спортски натпревари. Сега го трча најважниот животен маратон, на патека со многу пречки. Но, тој е многу голем борец, со силен спортски и победнички дух, само му е потребна мала помош од нас.

горазд николовски

Можете да донирате на телефонските броеви:

  • За корисниците на ОНЕ: 075 143 650,
  • За корисниците на ВИП: 077 143 193,
  • За корисниците на Т-мобиле: 070 143 191,
    (со секој повик донирате 100ден +18% ддв).

На жиро сметка-Kомерцијална банка А.Д. Битола: 300067021014554
НЛБ тутунска банка: 210-5016692926-43, Горазд Николоски,
Ул. Климент Охридски 3б , 7000 Битола.
Девизна сметка:
Acc No: 0230705560582
IBAN: MK07300307055605809
SWIFT: KOBSMK2XBTB.

Да помогнеме, да подадеме рака, како и до сега. Максимално да се ангажираме и да му помогнеме на нашиот голем борец, на Гого!

Сподели: