матурски колачи мала

Чоколадни матурски колачи со три вкусови

„Ова се колачиња кои ме освоија на прв залак! Превкусни, се топат во устата, а што е најважно, брзи и едноставни за подготовка. И оваа година имаме убави поводи за славење, а тоа се матури и дипломирање. Дали знаете што е најубаво кај овие колачиња? Правите една смеса, а имате три различни вкусови! Чоколадната смеса поделете ја на три дела и додајте Браво кафе, кора од портокал и рум. Или пак бидете креативни и направете ваша комбинација!“ – вели Марија од нашиот тим која ги направи чоколадните матурски колачи.

Да ги прославиме најубавите моменти од животот! Додека матурантите се спремаат за нивната прекрасна вечер, родителите спремаат трпези со прекрасни и убаво подготвени јадења и десерти. Направете ги највкусните колачи, салати и креирајте трпеза која ќе се памети долго време. Пронајдете ја вашата инспирација на sezahrana.mk.

чоколадни матурски колачи

Состојки:

  • 225 г темно чоколадо со 70% какао
  • 1/3 чаша слатка павлака
  • ½ лажичка Браво кафе
  • рендана кора од ½ портокал
  • 1 лажица рум.

За декорација:

  • какао, кокос и чоколадни трошки.
матурски колачи состојки

Подготовка:

  1. Чоколадото исечкајте го или искршете го на мали коцки.
  2. Во сад на оган загрејте ја слатката павлака, но внимавајте да не зоврие. Павлаката ставете ја во садот со чоколадото и измешајте.
  3. Ако чоколадото не се растопи, садот ставете го на тивок оган. Постојано мешајте додека чоколадото и павлаката се соединат.
  4. Чоколадната смеса поделете ја на три еднакви делови. Во едниот дел додајте Браво кафе и смесата ставете ја во пластичен сад. Во другиот дел додајте кора од портокал, а во третиот дел ставете рум. Садовите ставете ги во фрижидер за време од 40-60 минути.
  5. Потоа извадете ги од фрижидер. Со лажица земајте од смесата и формирајте бомбици. Бомбиците декорирајте ги по желба со какао, кокос и чоколадни трошки. Поканете ги најблиските и прославете ги убавите моменти со чаша топло Браво кафе!

Совети плус:

  • За подготовка на колачињата користете квалитетно чоколадо со најмалку 40% какао.
  • Смесата за колачињата оставете ја максимално до 60 минути во фрижидер, потоа извадете ја и формирајте ги бомбиците. Ако ја оставите подолго време, чоколадото многу ќе се стврдни и нема да може да направите колачи со убава форма.
  • Од наведените состојки ќе добиете 20 матурски колачи. По желба зголемете ја количината на состојките.
чоколадни матурски колачи

Матурата е значаен момент и за матурантот и за родителите. Прекрасен момент на заокружување на едно поглавје, кое вреди слатко да се прослави! Токму затоа, ви припремив превкусни мини колачи кои се топат во устата и од кои само ќе посакате повеќе! Кралско уживање за славениците и за гостите! И за крај, ако ви се допадна рецептот и ви требаат дополнителни идеи за матурската прослава, разгледајте ги моите профили на Facebook и Instagram и следете ме.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Мини кафе палачинки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: