Шипинка – супер храна и природен лек

Шипинката или шипка се користи како природен лек за многу здравствени проблеми. Ова темно црвено овошје е добро познат лек во алтернативната медицина и може да се опише како нутритивна супер храна која е богата со железо, витамин С, витамин А и калциум.

Шипките се богат извор на биофлавоноиди, пектин, витамин Е, селен, манган и витамини од В групата. Во умерени количини содржат магнезиум, фосфор, калиум, сулфур и силициум.

Шипинка поволно влијае при реуматичен артритис

Редовната консумација на шипинки помага да се зголеми подвижноста за 20 до 25%. Покрај тоа, ја намалува болката и го подобрува расположението на пациентите. Лицата кои што консумирале шипинки забележале значително намалување на болката, вкочанетоста и воспалението на зглобовите. Анти-воспалителните својства на шипинката се корисни и при третман на пациенти кои страдаат од артритис на колената или колковите.

шипинки

Победете ја настинката

Витаминот С кој што го содржи шипинката помага при респираторни проблеми и превенира појава на астма. Исхраната во која е вклучена шипинката помага за олеснување на дишењето кај децата, хронична кашлица, па дури при течење на носот. Присуството на одредени витамини и минерали во шипинките исто така помагаат за зајакнување на имунитетот и го намалува времетраењето на настинката.

Намалете го нивото на холестерол

Антиоксидансите кои што се присутни во шипинката помагаат за намалување на нивото на холестерол. Доколку имате проблеми со холестерол се препорачува да пиете чај од шипка. Покрај тоа, шипинките ги превенираат срцевите заболувања кај дебели лица кои што имаат покачен крвен притисок.

Шипинките превенираат појава на канцер

Шипинките содржат различни антиоксиданси како каротеноиди, флавоноиди и полифеноли. Овие антиоксиданси превенираат појава на канцер и кардиоваскуларни заболувања. Шипинките се моќен и ефективен антиоксиданс кој што го штити нашето тело од слободни радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес кој води до различни медицински состојби.

Сподели: