Што да пиете за подобри резултати од вежбањето 1

Што да пиете за подобри резултати од вежбањето?

Водата е во секоја смисла најдобриот пијалак кој треба да се пие во текот на самото вежбање, а ние ви припремивме уште неколку здрави предлози за напитоци кои треба да ги пиете секојдневно за подобри резултати од вежбањето и корисни течности кои ќе ви донесат уште многу други придобивки.

Сок од лубеница

овој напиток ќе му помогне на мускулите да се опорават што побрзо од напорните вежби и отчукувањата на срцето да се вратат во нормала. Лубеницата е доста богата со аминокиселини кои се од големо значење за општото здравје на организмот. овој сок лесно можете да го направите сами во блендер или соковник и да го испиете, а во краен случај и да изедете парче лубеница кое исто така е полно со сок.

Што да пиете за подобри резултати од вежбањето 2

Сок од домат

Доматот е многу богат со ликопен, антиоксиданс кој е познат како силен борец против слободните радикали, но и како заштитник на срцето. Сокот од домати помага за мускулите да се опорават што побрзо и да се ублажат болките во нив.

Сок од вишни

Има слично дејство како сокот од лубеница, па затоа слободно пијте го после вежбање. Една чаша е доволна, а препорачуваме доколку не сте во можност да си направите сами да барате сок кој не содржи додаден шеќер.

Млеко

Мелкото го хидрира организмот на ист начин како и водата, а покрај тоа ни дава и протеини кои се неопходни за телото побрзо да се опорави од напорот. Млекото посебно се препорачува после интензивни тренинзи за издржливост како што е “crossfit”, табата вежбање и слично.

Вода

За крај, не смееме да ја заобиколиме неа, водата! Вода треба да се пие за време на целиот тренинг за да останете доволно хидрирани. Во водата можете да додадете неколку листови свежо нане кое има позитивен ефект врз крвниот притисок и го подобрува дишењето за време на напорот.

Ви препорачуваме да прочитате: Што да јадете пред вежбање?

Сподели: