храна пред вежбање

Што да јадете пред вежбање?

Физичката активност е еден од факторите за здрав живот, па штом ја читате оваа содржина сигурно вие редовно тренирате и се грижите за вашето здравје. Можеби сте се запрашале што треба да се јаде пред вежбање за да имате доволно енергија и успешно да ги завршите планираните вежби. Па, затоа сигурни сме дека ќе ве интересира одговорот на ова прашање.  

Фитнес експертот Намрата Пурохит објаснува дека „Вежбањето со полн стомак не е идеално и потребно е да се знае кое време е најдобро да се јаде пред тренинг. Погрешно е да одите на тренинг, а притоа да бидете гладни. Главни хранливи состојки кои даваат енергија се јагленохидратите, па затоа пред вежбање добро е да јадете храна која што е богата со јагленохидрати. При тоа треба да се изберат јагленохидрати кои што се лесно сварливи, а тоа ќе ви помогне да не чувствувате глад при вежбањето и ќе ви даде енергија.“

Пред вежбање може да изберете едно од следите јадења:

Овесна каша

Овесната каша особено се препорачува кога вежбате наутро. Ќе ви даде потребна енергија за време на тренингот, а доколку додадете овошје, ефектот ќе биде поголем.

Интегрален ориз со пилешко

Бидејќи повеќето работат во текот на денот, а слободни се попладнето и вечерта, најчесто тоа време го користат за вежбање.  Доколку и вие се пронаоѓате во оваа група, интегралниот ориз со пилешко е добар избор. Нутриционистот Др. Заинаб Сајд објаснува „Интегралниот ориз се абсорбира бавно и е богат со растителни влакна и јагленохидрати, додека пилешкото месо е добар избор на протеини, а има малку масти. Тоа ја прави оваа комбинација идеална пред вежбање. Може да изедете две парчиња пилешко месо и средна чинија ориз“.

храна пред вежбање

Банани

Бананите се богати со јагленохидрати, содржат шеќер и скроб кои ќе ви дадат енергија. Тренерот на славните личности Самер Пурохит вели „Потребно е да се изеде една банана со средна големина 45 минути до еден час, пред тренингот, а тоа е добро да ви стане рутина пред вежбање.“

Парче леб со мед или путер од кикирики

Може да каснете и парче интегрален леб премачкано со мед, кој е одличен извор на природен шеќер, кој дава енергија. Покрај тоа, медот може да го замените со путер од кикирики, а овој оброк се препорачува доколку вежбате наутро.

Јогурт

Киселото млеко и јогуртот се богат извор на калциум и протеини, а имаат многу мала количина на присутни шеќери. Бидејќи се лесно сварлива храна, претставуваат идеален оброк кој треба да се консумира при интензивен тренинг. Може да додадете интегрални житарки, овошје или мед, а тоа ќе ви помогне да се обезбедите со потребната енергија за време на вежбањето.

Енергетски/Гранола барови

Доколку изедете енергетски бар пред вежбање, ќе имате повеќе енергија за време на тренингот. Енергетските барови се богати со јагленохидрати, кои служат како основен извор за енергија. Секогаш изберете енергетски барови кои што имаат минимална количина на масти.

Ви предлагаме да прочитате: 3 совети за брзо опоравување после напорно вежбање.

Сподели: