путер од кикиритки

Направете сами путер од кикиритки

Многу популарниот путер од кикиритки кој секојдневно се користи Америка, Велика Британија, Холандија, сега може да го направите дома. Тој има многу хранливи материи и припаѓа во групата на здрава исхрана. Најчесто се користи за сендвичи или може да го намачкате на парче леб, а понекогаш се комбинира со мармалад, чоколадо, зеленчук или сирење.

Кикиритките најверојатно потекнуваат од Бразил или Перу. Во 18 век биле нарекувани „земјени ореви“, а се сметале како одлична храна за свињите. Комерцијално започнале да се одгледуваат околу 1800 година и се користеле за масло, храна и како замена за какао. Денес кикиритките се употребуваат на повеќе од 300 начини, меѓу кои и како путер, за подготовка на разни грицки, полир-паста за чевли, крем за бричење итн.

путер од кикиритки

Путерот од кикирики е особено добар извор на витамин Е и ниацин, како и протеини и одредени минерали, а истражувањата покажале дека луѓето кои јадат кикиритки имаат многу помал ризик од срцеви заболувања. Кикиритките имаат повеќе протеини во споредба со останатите мешункасти плодови, што е многу важно за децата и вегетаријанците. Богати се со антиоксиданси, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, цинк и витамин Е. Поголемиот дел од маснотиите кои ги содржи путерот од кикирики се незаситени масти и се здрави за срцето.

Рецептот за домашен путер од кикиритки е следниот:

Состојки:

  • 1 ½ чаша печени несолени кикиритки
  • 1 ½ лажица масло

Подготовка:

  1. Кикиритките и маслото ставете ги во блендер и миксирајте ги добро.
  2. Добиениот путер турете го во сад, а потоа ставете го во фрижидер за време од еден час.

Сподели: