машина за садови

Што не смее да миете во машината за садови?

Само мал дел од нас нема да се сложат со тоа дека практичната машина за садови е еден од најдобрите изуми и навистина е тешко доколку ја немате на располагање. Миењето на голем број на садови по ручекот со целото семејство може да ви биде забавно додека сте дете и сакате да си играте со сапуницата. Но, кога сте повозрасни, слободното време сакате да го искористите за одмор, а миењето на садови не претставува забава.

Постојат голем број на машини за миење на садови, а во зависност од марката имаат различни функции и цени. Сепак може да се најдат машини со прифатливи цени кои често се продаваат на рати.

машина за миење на садови

Машината за садови го штеди вашето време, а благодарение на економската програма за миење, може да ги измие садовите и да не потроши многу струја. Иако имаат многу предности, но сепак треба да знаете дека во неа не може да ставите се што ќе ви падне на памет. Понекогаш кога сте уморни сигурно би сакале се да ставите во машината. Но, постојат садови кои подобро е да ги измиете на рака, за да може да ги користите подолг временски период.

Што не треба да миете во машината за садови?

Имате ли тенџере или тава која е нелеплива? Доколку имате такви најдобро е да ги миете рачно, со цел да го заштитите нелепливиот слој кој се уништува при високи температури во машината. Цената на тие садови не е мала и затоа треба да внимавате на нивното чување.

Пиете ли кафе од шолја на која има слика од омилениот лик од серија или филм? Ако имате такви шолји најдобро ќе биде да ги миете рачно. Во спротивно, сликата ќе избледи со тек на времето, а ќе ви остани само чудна дамка, која ќе ве потсетува на сликарско ремек-дело на дете од три години.

Освен шолјите со сликички, во машината не треба да се мијат и кристалните чаши. Тие може да пукнат при миењете, поради високите температури.

Ножевите секогаш мијте ги рачно, затоа што побрзо може да се затупат. Исто така се препорачува рачно да се мијат пластичните садови во кои чувате сирење, јогурт или намаз.

Постојат пластични садови кои може да се мијат во машината и најчесто тие имаат ознаки на декларацијата. Со правилна употреба на машината за миење на садови ќе имате повеќе време за други активности.

Ви предлагаме да прочитате: Лимон за чисти садови без детергент.

Сподели: