Дали винобранот е штетен за употреба?

Винобранот кој што често наоѓа примена во есенскиот период при подготвување на зимница и е во форма на бел кристален прашок, е хемиско соединение познато како калиум метилбисуфлит K2S2O5. Неговата примена е главно како антиоксиданс или хемиски стерилизатор. Се користи и како додаток во производство на храна, чија ознака е Е224. Употребата на винобран е ограничена затоа што може да предизвика алергиски реакции кај осетливи лица.

Најчесто се употребува при производство на вино, затоа што ги превенира развојот на непосакуваните микроорганизми и делува како антиоксиданс така што ја штити бојата и деликатниот вкус на виното. Сепак неговата употреба е строго контролирана и се додава ¼ лажица винобран на 23 литри вино за време на ферментацијата, а потоа дозволено е да се додаде уште ½ лажица на 23 литри вино, за време на полнењето на шишињата.

винобран

Винобранот понекогаш се користи и при производство на пиво за да се стопира растот на непожелните квасци, бактерии и габи. Примена наоѓа и за неутрализација на хлорамините кои се наоѓаат во водата, кои може да предизвикаат непријатен вкус на пивото.

Исто така, винобранот понекогаш се додава во лимонов сок и при преработка на кисели краставички како презерватив. Како резулат на неговите оксидативни својства, може да ја намали количината на витамините во производите.

Совет при користење на винобран

Винобранот предизвикува иритација на кожата, сериозна иритација на очите и може да предизвика иритација на респираторниот систем. Така да, секогаш кога се користи мора да се носи заштитна облека, нараквици, маска и очила. Треба да се користи во алкални услови, затоа што при реакција со киселини, ослободува токсични гасови. Во водичот за храна на Велика Британија, наведено е дека винобранот може да предизвика астма, цијаноза и несвестица, и не се препорачува децата да консумираат производи со винобран.

Па добро размислете дали и понатаму ќе го користите винобранот за подготовка на зимница!

Сподели: