јаглените хидрати

Дали јаглените хидрати се причина за дебелеење?

Во последно време сигурно многу слушате и читате за јаглените хидрати. Во еден момент се „лоши“, а потоа се „добри“? Во многу најпопуларни диети кои се актуелни последните години, јагленитехидрати се претставени негативно, па се потполно исфрлени од исхраната или дозволени со строги правила и ограничувања.

Истражувачите велат дека диетите со мала количина на јагленихидрати се безбедни по здравјето, само ако се применуваат во рок пократок од шест месеци.

јагленихидрати

Исто така, овие популарни диети се тема на голем број истражувања. Со една 10 годишна анализа за популарните режими на исхрана со мала количина на јагленихидрати се утврдило дека недоволно се знае за потенцијалните долгорочни ефекти. Затоа, означувањето на некои намирници како „добри“ или „лоши“ не е од голема помош. При држењето на диети во кои има елиминирање на хранливи материи во корист на брзо слабеење е важно да се бидете внимателни.

5 важни работи за јаглените хидрати кои треба да ги знаете

Јаглените хидрати имаат главна улога во обезбедувањето на нашиот организам со енергија и така помагаат за целосно негово функционирање. За мислење на оваа тема, нутриционистот Роб Хобсон, вели:

Јаглените хидрати не ги предизвикуваат нашите проблеми со телесната тежина

Луѓето долги години се хранат со храна која е богата со јагленихидрати, а во последните неколку децении е забележан пораст на дебелината. Па, тргнувајќи од тука, не може да ги обвиниме јагленитехидрати за прекумерната телесна тежина.

Влијанието на преработената храна

Високо преработената храна е богата со рафинирани јаглени хидрати, вклучувајќи и шеќер. За разлика од неа, храната со која се хранеле нашите предци пред многу години, била непреработена. Така, сосема е погрешно да се отфрлат јаглените хидрати. Туку, треба да се прави правилен избор и консумирање на производи направени од цело зрно на житарките.

Која храна е богата со јаглени хидрати?

Коренастиот зеленчук е богат со скроб. Пример, тиквата има помалку јаглени хидрати од другите намирници, како што се белите рафинирани производи, а богата е со растителни влакна, кои ви помагаат да бидете сити, а воедно го намалува ризикот од срцеви болести и некои врсти на карцином.

Сложеноста е важна

Зрнестиот зеленчук и семките често се сметаат за извор на протеини за вегетаријанци, тие се извор на сложени јаглени хидрати (кои се богати со влакна). Оваа група на намирници содржи двојно помалку јаглени хидрати од белите рафинирани житарки и е еден од најбогатите извори на растителни влакна.

Зрнестиот зеленчук и семките содржат повеќе железо, цинк и калциум од рафинираните бели житарици, што е од непроценлива важност за луѓето кои не јадат месо или млечни производи. Може да ги вклучите во исхраната и да ги додадете во супи и други јадења.

Јадете житарици во цело зрно

Овесот е житарица која доколку ја консумирате во цело зрно ќе ви обезбеди исклучително хранлив појадок. Тој содржи помалку јаглени хидрати во споредба со другите житарици. Овесот исто така содржи поголема количина на протеини и растителни влакна, па ќе ви овозможи да бидете сити подолго време.

Ви предлагаме да прочитате: Што се случува во нашето тело кога ќе започнеме со здрави навики на исхрана?

Сподели: