Истражувавме што помага, борбата против ракот на дојка не смее да застане!

Од 1985-та година, кога прв пат бил направен организиран јавен собир и биле поставени почетоците на движењето за свесност за борба против ракот на дојка, октомври важи за месец во кој се дава значење на овој проблем на светско ниво. Целта и значењето на ова движење за свесност е да пренесе порака и да потсети за навремено мониторирање, односно скрининг и превенција на оваа болест, од која секоја година страдаат 2.3 милиони жени во светот.

Истражувавме што помага, борбата против ракот на дојка не смее да застане!

Розевата боја е одбрана за препознатлива за борба против ракот на дојка, а низ светот се формирани небројно многу здруженија кои локално дејствуваат:

  • Во заштита и поддршка на дијагностицираните со рак на дојка, вклучително и метастатските форми
  • Во едукација на населението за ризик факторите
  • Важноста на навремениот скрининг, посебно после 40-тата година
  • Истражувања и нови информации за помош и поддршка.

Оваа форма на рак е многу помалку застапена кај машката популација, но не е исклучено нејзиното појавување. Иако, поради несвесност и срам поради одредени околности, дел од овие заболени често завршуваат и со смртен исход.

Што може да се каже за ризик факторите? Кој е најголем ризик фактор?

Одговорот е очигледен, доволно е да си жена е првиот најголем ризик, а вториот најголем ризик е стареењето. 

Овие фактори се неменливи, но затоа сите останати како пушењето цигари, пиењето алкохол и физички неактивен живот, се и тоа како менливи!

Знаци и симптоми за рак на дојка

Симптомите на рак на дојка се широко варијабилни – од грутки до потење или до промени на кожата, а многу често се случува да нема никакви симптоми воопшто.

Според Американското здружение против канцер, било кој од следните невообичаени промени може да биде симптом за рак на дојка:

  • Оток на градите целосно или на дел од нив
  • Болка во градите
  • Иритација на кожата или вдлабнувања
  • Болка во пупките, нивно вцрвенување, сувост или вовлекување
  • Исцедок од брадавиците кој не е мајчино млеко
  • Грутки околу градите и под пазувите.

Помага ли исхраната за превенција?

Исхраната која е сојузник на борбата против рак се базира на свежи, по можност непрскани овошја и зеленчуци, интегрални житарки, ленено семе, сусам, семки од тиква, а неопходно е да се консумира и нерафинирано, ладно цедено сончогледово масло, маслиново масло, мешунки, бадеми. Исто така, задолжително е да се прави повремена детоксикација на организмот.

Ти препорачуваме да прочиташ и: Намирници за превенција и борба против рак на дојка.

За совет во овој дел, се обративме до Д-р Нела Деспотовска, која ни потврди дека превенцијата е половина лек, па ја прашавме кои додатоци во исхраната се препорачуваат против рак на дојка и еве што ни посочи:

Selenium 100 mcg

Важно е да запомнете дека во вашето тело треба да постои баланс помеѓу слободните радикали и антиоксидансите за да се спречи оксидативниот стрес. Дисбалансот доведува до одредени проблеми. Како силен антиоксиданс, преку земање во вид на додаток на исхраната, може да ви го препорачаме селенот. Неговото дозирање и користење, најдобро правете го во консултација со лекар. Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Природно се наоѓа во бразилските ореви, месото од органите, морската храна и никулците од пченица. Селенот е антиоксиданс, што значи има способност да го спречи дејството на слободните радикали. Недостатокот на селен предизвикува оксидативен стрес,што е една од потенцијалите причини за рак. Селенот претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. NOW Selenium nе е произведен со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки.

Indole-3-Carbinol

Indole-3-Carbinol е супстанца од растително потекло која има висока антитуморска активност. Спроведените истражувања ја потврдија ефикасноста и безбедноста од употребата при хормонална нерамнотежа и бенигни неопластични процеси. Претставува биолошки активен додаток кој има улога во нормализирање на метаболизмот на естрогенот и за намалување на ризикот од развој на миоми, малигни тумори и неоплазми. Индолот се користи во комбинација со терапија со зрачење, хемотерапија, радикален или палијативен хируршки третман, рак на дојка зависен од хормони, миоми, грлото на матка и матката, јајниците. Исто така може да се користи за да се спречи нивното повторување.

Повеќе за него може да дознаете во текстот: Indole-3-Carbinol – растителна супстанца со висока антитуморска активност.

борбата против ракот на дојка не смее да застане!

 AlphaSorb-C 

Витаминот Ц е значаен антиоксиданс. Антиоксидансите се хранливи состојки кои ги спречуваат оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали, кои многу често доведуваат до канцер, срцеви заболувања и артритис. Бидејќи организмот не е во состојба сам да произведе витамин Ц и да се заштити, важно е овој витамин секојдневно да се внесува преку храната и по потреба и како додаток во исхраната. Таков додаток во исхрана е AlphaSorb-C од NOW Foods, кој е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.

Сите горенаведени додатоци во исхраната може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава или да ги набавите од подобро снабдените аптеки.

За сите дополнителни информации и прашања, пишете ни на нашиот меил info@sezahrana.mk. Ние ќе ја контактираме Д-р Нела Деспотовска и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.

Ви препорачуваме да прочитате: Намирници за превенција и борба против рак на дојка.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: