сечење на цитрусни овошја на парчиња

Како да ги излупите и исечете цитрусните овошја на парчиња?

Сакате да направите овошна салата или пак да каснете портокал, цитрон, мандарина и лимон, но ви смета дебелата бела кора која останува по лупењето? Знаеме дека малку горчи и не е пријатна за јадење, но сега тоа е минато. Ви претставуваме четири лесни чекори за лупење и сечење на цитрусните овошја на парчиња, кои ќе ви бидат од голема корист и ќе ги подобрат вашите кулинарски способности.

Секогаш се восхитувавме на убаво исечените парчиња од цитрусно овошје во рестораните, без дебелата бела кора која останува по лупењето. Се прашувавме како тоа им успева, знаејќи дека дома не ни оди баш од рака. Па, решивме да истражуваме на оваа тема и да ги дознаеме големите тајни од врвните светски готвачи. И, проблемот е решен! Сега, сите ние ќе може да уживаме во сочните парчиња портокал, цитрон, грејпфрут и лимон, професионално исечени и излупени како од искусен готвач.

Воопшто не било тешко, само кој да знае. Секогаш е така, нели? За да ја научите и вие техниката на лупење и сечење на цитрусно овошје, погледнете го видеото и инструкциите. А доколку ви се допадне, не заборавајте да го споделите со пријателите.

Чекор 1

Исечете ги двата краеви на овошјето.

Чекор 2

Поставете го овошјето врз даска за сечкање. Со помош на остар нож од горниот дел кон долниот дел отсекувајте ја кората, како што е прикажано на видеото.

Чекор 3

Со помош на ножот отсекувајте парчиња помеѓу внатрешната тенка кора, за да се добие чисто овошје. Продолжевте со сечење додека ги добите сите парчиња.

Чекор 4

Врз чинијата во која ги стававте парчињата, исцедете го преостанатиот сок од мембраните. Послужете го овошјето и уживајте со семејството и пријателите!

Ви предлагаме да прочитате: Како се сечат, лупат и јадат јапонски јаболка?

Сподели: