Колач со портокал - без брашно и шеќер

Колач со портокал – без брашно и шеќер

Безглутенски, без брашно и без шеќер! – Нашата пријателка Ана (baked_with_love_by_ana) ни сподели одличен рецепт за колач со портокал кој се прави со природен засладувач. Мами со својот изглед, а сигурни сме и со својот вкус!

Овој колач со портокал, се прави многу брзо и лесно, па може да го направи секој. Одлично оди во комбинација со кафе или чај и добро друштво. Направете го, поканете ги пријателките и препуштете се на уживањето.

Колач со портокал - без брашно и шеќер

Состојки:

  • 2 портокали
  • 4 јајца
  • 180 г агаве сируп
  • 1 лажица јаворов сируп
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 330 г бадемово брашно
  • 1 лажичка кардамом.

За декорација:

  • 1 портокал
  • 1 мандарина
  • неколку листови нане.

Подготовка:

  1. Портокалите убаво измијте ги. Ставте ги во сад и прелијте ги со вода. Количината на вода треба да биде доволна зс да ги покрива портокалите во садот. Ставете го садот на оган и варете ги 1 час.
  2. Портокалите извадете ги од садот и оставете ги да се изладат околу 15 минути.
  3. Потоа, исечкајте ги на помали парчиња (заедно со кората) и ставете ги во блендер. Додајте ги јајцата, сирупот, прашокот за печиво и екстрактот од ванила. Изблендрирајте за да добиете хомогена смеса.
  4. Во друг сад ставете ги брашното и кардамомот. Додајте ја и смесата од блендерот и убаво измешајте за состојките да се соединат.
  5. Калапот за колач (24 cm) премачкајте го со масло. Прелијте ја добиената смеса и ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 1 час.
  6. Готовиот колач оставете го да излади, а потоа декорирајте го. Премачкајте го со мед, наросете сечкани лечници и украсете го со парчиња портокал, мандарини и листови од нане. На здравје!

Совети плус:

  • Наместо агаве сируп може да користите мед, сируп од урми или оризов сируп.
  • Доколку сакате колачот да е повисок, тогаш печете во помал калап.

Автор на рецептот: Ана Наумовска (baked_with_love_by_ana).

Ви препорачуваме да прочитате: Готвиме со Ана – Чурос крофни.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: