Козињак со мак (милиброд) 1

Козињак со мак (милиброд)

Пролетта е време за убави нешта, празнување и семејни собири, а козињакот мора да биде дел од тие настани! Израдувајте ги своите најмили и сервирајте им превкусен козињак со мак, а доколку ви остане малку време направете кафе и поканете ги пријателите на дружба!

Ние најмногу го обожаваме наутро и често го комбинираме со мармалад или некој друг сладок намаз. Така послужен со шолја чај или кафе и свежо овошје е одличен за појадок.

kozinjak so mak 2

Состојки:

За тесто:

  • бело брашно по потреба
  • 6 јајца
  • 500 мл млеко
  • 500 гр шеќер
  • 250 мл масло
  • 2 коцки квасец
  • рендана кора од 1 лимон
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • суво грозје или друго ситно суво овошје по желба.

За фил:

  • 200 гр мак (афионово семе)
  • 200 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 2 ќесички ванилин шеќер.

За премачкување:

  • 1 јајце
  • сусам по потреба
  • мак по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад за матење, најпрво добро изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте ги и останатите состојки за формирање на тестото.
  2. Замесете го за убаво да се соединат состојките, а потоа оставете го околу 30 минути на собна температура за да нарасне.
  3. Во меѓувреме подгответе го филот. Млекото ставете го во сад на оган заедно со макот и шеќерот, а откако ќе се згусне тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
  4. Нараснатото тесто размесете го и поделете го на 3 дела, па секој од нив поделете го на три дела.
  5. Со помош на сукало истегнете ги корите и секоја од нив премачкајте ја со филот, па завртете ја во ролна. Од ролните сплетете козињак. Ќе добиете 3 плетенки.
  6. Плетенки ставете ги во тава или плех обложен со хартија за печење, оставете ги 20-тина минути да нараснат, па премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам и мак.
  7. Готовиот козињак со мак ставете го да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од околу 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 35-40 минути.
  8. На крајот од печењето, доколку има потреба покријте го со алуминиумска фолија за да спречите да изгори по површината.

Сервирајте го и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брза непечена торта со бисквити.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Клучни зборови:

Сподели: