Корен од мака за зголемување на енергијата и либидото

Во последно време маката станува се попопуларна и многу луѓе започнуваат редовно да ја користат, а има и такви кои никогаш не слушнале за неа. Што е мака, како се користи и за кого се препорачува? Дознајте ги одговорите на овие прашања во текстот кој следува.

Што е мака (Maca)?

Maca (Lepidium meyenii) извонредно хранлив корен сличен на репата. Потекнува од областа на Андите, на територијата на денешна Боливија и Перу, а расте на надморска височина помеѓу 2400 и 4400 метри. Делува слично на жен-шен, па и често се нарекува Перуанси жен-шен.

корен од мака

Според легендата, Инките на своите воини им давале прав од корен од мака за да ја зголемат нивната сила и издржливост. Меѓутоа, кога битката ќе завршела, им ја крателе маката поради нејзиното својство силно да го подобрува либидото. Нејзиниот корен со векови за домородците е извор на сила и плодност.

Подоцна Шпанците освојувачи ја донеле маката во нивната земја, запознавајќи ја така и Европа со ова растение. Едно време интензивно се употребувала во шпанскиот кралски двор, но потоа знаењето за неа во текот на годините полека исчезнало. Во текот на шеесетите години од минатиот век, перуанските, американските и германските истражувачи повторно на светот и ја откриле оваа билка. Денес знаеме дека тајната на своето делување маката ја крие во бројните активни состојки како што се масни киселини, алкалоиди, танини, стероли и глукозинолати.

Маката претставува природен адаптоген и помага за подобро прилагодување на организмот

Научниците маката ја ставаат во групата на адаптогени средства – за подобро прилагодување на организмот. Способноста на маката да ги идентификува потребите на секој поединечен организам и го донесоа прекарот „паметна билка”. Ја зголемува отпорноста на организмот, помага во регулирањето и контролата за нормално функционирање на телото, го подигнува физичкото и металното здравје, како и пружи бројни здравствени придобивки.

Бидејќи е богата со јод, поволно влијае на функционирањето на тироидната жлезда. Благодарение на високата количина на калциум, магнезиум и присуството на алкалоиди (макаени и макаиди) кои се наоѓаат исклучително во маката, има поволни ефекти на плодноста и репродуктивноста.

мака

Нутритивни вредности на маката

Маката содржи голема количина на аминокиселини, витамини од групата Б, Ц и Е, алкалоиди, макро и микро хранливи материи, протеини, растителни влакна, масни киселини, фруктоза, скроб, танини, јагленихидрати и минерали. Од минералите ги содржи:

  • калциум
  • јод
  • магнезиум
  • фосфор
  • калиум
  • железо
  • цинк
  • натриум
  • калиум
  • бакар
  • манган
  • силициум.

Маката содржи скоро 20 различни аминокиселини и 7 есенцијални аминокиселини. Како резултат на поволниот хранлив состав, маката е еден од додатоците во исхраната кој користи од страна на многу врвни спортисти. Таа содржи и четири уникатни алкалоиди – macaina 1, 2, 3, 4 – кој не се пронајдени во било која друга билка. Тие помагаат во искористувањето на сите хранливи материи од маката кој му се потребни на организмот.

Препорака плус:

Секогаш при користењето на додатоци во исхраната, изберете докажани компании чии производи имаат висок квалитет. Како такви, можеме да ги посочиме Now Foods, а дел од нивниот асортиман, како и мака може да се најдат на онлајн продавницата на Тримекс и во поголемите аптеки.  А од Тримекс имаат супер акција. Порачајте Мака со 40% попуст, преку веб страницата на овој линк.

мака

Коренот на мака може да се најде во прав, капсули или таблети. Препорачаната доза е 500 – 3000 mg на ден.

  • Маката не се препорачува за бремени жени и доилки.
  • Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок или болест на тироидната жлезда, пред земањето мака да се консултираат со лекар.

За сите дополнителни информации и консултации за користењето на мака, како и повеќе информации прочитајте на страницата на Тримекс, контактирајте ги на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период.

*Комерцијален текст

Сподели: