витамин Б-3

Намалете го „лошиот“ холестерол со витамин Б-3 (ниацин)

Покачениот холестерол во крвта е еден од најчестите здравствени проблеми на денешницата кој е ризик фактор за појава на кардиоваскуларни заболувања. Ако имате покачен холестерол, посветете внимание и потрудете се да го доведете во нормални граници. Причините за појава на покачен холестерол може да бидат многубројни, но правилната исхрана, редовната физичка активност, како и суплементите со витамин Б-3 може да ви помогнат за намалување и одржување на нивото на „лошиот“ LDL холестерол.

Која е разликата меѓу LDL и HDL холестеролот?

Иако холестеролот често има лоша репутација, покрај „лошиот“ холестерол постои и „добар“, кој е важен за здравјето на срцето. LDL холестеролот, познат како „лош холестерол“ се таложи на ѕидовите на артериите и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. HDL холестеролот, кој од друга страна е познат како „добар холестерол“, поминува низ крвотокот, го отстранува штетниот холестерол од артериите и помага во подобрување на срцевото здравје. Кога нивото на LDL е високо, по препорака на доктор можеби ќе треба да се примени одредена терапија со статини. Но, поради можните несакани ефекти, добро би било да се консултирате со вашиот доктор за алтернативна терапија со витамин Б-3 (ниацин).

ниацин витамин Б-3

Кои се причините кои може да доведат до покачен холестерол?

Постојат различни причини што може да доведат до висок холестерол. Дел од нив припаѓаат на генетскиот фактор, додека пак други се резултат на животниот стил, кој што може да го промениме.

Најчестите фактори кои го зголемуваат ризикот од висок холестерол во крвта се:

  • семејна историја на висок холестерол
  • пушење
  • консумација на храна која изобилува со масти и холестерол
  • слаба физичка активност
  • постоење на други болести како дијабетес
  • примање на одредени лекови како стероиди и прогестин
  • зголемена телесната тежина
  • старост (со самото стареење нивото на холестерол се зголемува)
  • пол (LDL холестеролот полесно се зголемува кај жените, иако истите имаат тенденција да имаат понизок „лош“ холестерол до околу 55 годишна возраст).

Како да го намалите „лошиот“ холестеролот со помош на витаминот Б-3?

Витаминот Б-3 (наицин) најчесто се наоѓа во намирници од животинско потекло како пилешко месо и туна. Има бројни функции:

  • помага за одржување на здраво ниво на холетерол
  • важен е за здрава циркулација на крвта
  • му помага на организмот во искористување на енергијата од храната и правилен метаболизам на мастите, јаглените хидрати и протеините
  • го подобрува здравјето на очите, косата и кожата
  • го подобрува варењето на храната
  • ги штити нервите.

Ниацинот најчесто се користи како терапија против висок холестерол кај лицата кои не можат да користат статини или пак во комбинација со статини. Ниацинот не треба да се користи кај лица кои имаат заболувања на црниот дроб, чир на желудникот или активни крварења. Суплементите со ниацин може да се користат само со претходна консултација со вашиот доктор.

Доколку докторот ви препише ниацин, најдобро е да го земете во тек на оброкот. Некои суплементи со ниацин предизвикуваат црвенила и топлина на лицето и вратот. Доколку сакате да го избегнете овој непосакуван ефект, го препорачуваме ниацинот – Flush Free Niacin од Now Foods, кој не предизвикува црвенила и топлина. Може да се најде под името Flush Free Niacin во поголемите аптеки или да се порача онлајн преку продавницата на Тримекс (доставата е бесплатна).

витамин б3

Flush Free Niacin содржи Inositol Hexanicotinate, форма на ниацин што се состои од шест молекули на ниацин поврзани со една молекула на инозитол. Полека се разложува во организмот за да обезбеди слободен ниацин и инозитол. Ова постепено ослободување на ниацин овозможува вистинска активност на ниацинот без карактеристичното црвенило на ниацинот, кое многу луѓе не можат да го толерираат.

Препорака за употреба: Земете 2 капсули дневно по потреба, со храна.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Витаминот Б-3 може да се користи и за намалување на триглицерите

Витаминот Б-3 се користи и за намалување на триглицеридите (масти што го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања). Клиниката Мајо проценува дека консумирањето на суплементи со ниацин може да го зголеми нивото на добриот холестерол за 30%, па дури и повеќе. Но, количината на наицин која треба да се внесе е многу поголема од онаа која вообичаено се добива од секојдневната исхрана, па пред користење на суплементи со витамин Б-3 задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да го намалите покачениот холестерол во крвта?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: