Празничен венец од новогодишни бастунчиња (лижавчиња)

Времето кое го поминуваме со семејството и пријателите е најдрагоцено! А времето поминато со нив во украсувањето на домот за новогодишните и божиќните празници ни креира убави спомени и моменти. За да се забавувате, а истовремено да бидете креативни ви предлагаме со вашите деца, внуци или малечки пријатели да направите сладок празничен венец од новогодишни бастунчиња (лижавчиња), на кого сите ќе се радуваат.

Бидете уникатни со вашите креативни дела и покажете им ги на пријателите! Потребни ви се само неколку лижавчиња за да направите сладок празничен венец од новогодишни бастунчиња, кој изгледа елегантно и убаво ќе се вклопи во сечиј дом.

Потребно ви е:

  • 16 Големи новогодишни бастунчиња (лижавчиња)
  • 8 мали новогодишни бастунчиња (лижавчиња)
  • црвен молив
  • силиконски пиштол или лепило
  • картонче во форма на круг
  • конец.

Подготовка:

  1. Земете две бастунчиња и поставете ги едно кон друго, така што ќе се добие форма на срце. Потоа, двата краеви на лижавчињата залепете ги со силикон. Постапката повторете ја со сите лижавчиња, а на крај треба да добиете 8 големи срца.
  2. Срцата од новогодишни бастунчиња, наредете ги едно до друго во форма на круг, а потоа краевите залепете ги со силиконот.
  3. Следно, земете ги малите лижавчиња и поставете ги едно кон друго, така што треба да добиете форма на мало срце. Потоа, двата краеви на лижавчињата залепете го со силикон. Постапката повторете ја со преостанатите новогодишни бастунчиња, а на крај треба да добиете 4 мали срца.
  4. Формираните срца од малите лижавчиња, наредете ги едно до друго во форма на круг, а потоа на краевите залепете ги силикон.
  5. Потоа, ставете силикон во средината на венецот формиран од големите бастунчиња и залепете го венчето од малите бастунчиња.
  6. Врз картончето запишете порака по ваша желба со црвениот молив и обојте го по желба. Картончето со божиќната порака, залепете го во центарот на венецот.
  7. Конецот заврзете го и прицврстете го празничниот венец од новогодишни бастунчиња. Уживајте во празниците и новогодишната атмосфера!

Сподели: