освежувач кафе

Направете природен освежувач за фрижидер од кафе

Многумина не можат ни да си го замислат денот без шолја кафе, па затоа е еден од најпопуларните пијалаци низ светот. Доволна е само една голтка од утринското кафе и едно вдишување на неговата арома за да нè обземе пријатно чувство и расонети да го означиме почетокот на денот.

Кафето покрај тоа што е добро за расонување и служи како добар изговор за долги разговори и озборување, тоа е корисен производ кој може да се употребува низ домот, како и за нега на кожата и косата. А вие го обожавате ли мирисот на кафето? Доколку вашиот одговор е да, тогаш дали знаете дека кафето можете да го употребите за да го освежите воздухот во просториите или да ја отстраните миризбата што се јавува во вашиот фрижидер?

освежувач кафе

Понекогаш се случува фрижидерот да прими миризба од неколку различни јадења, а остриот мирис во никој случај не е пријатен за носот. Но, уште полошо е кога свежата храна ќе започне да прима од лошата арома. За да ја намалите непријатната миризба, направете природен освежувач, така што во мала хартиена или пластична ќеса, или мал сад ставете мелено кафе. Ќесичката оставете ја отворена во фрижидерот. По неколку дена, мирисот на кафе ќе го освежи воздухот и ќе ги неутрализира другите мириси. Тоа нема својство да апсорбира мириси, како што тоа го прават некои други средства, но ќе му даде на вашиот фрижидер прекрасен мирис на кафе кој ќе ве разбудува секој пат кога ќе ја отворите неговата врата.

Сподели: