novogodisni korneti 1

Новогодишни елки од корнeти со чоколаден фил

Време е за изненадување и радување! Новогодишните празници наближуваат, а домовите започнуваат да блескаат со магичен сјај. Богати трпези, насмевки и мигови за уживање со најблиските. А кога сме кај трпезата имаме супер предлог за оваа Нова година. Направете новогодишни елки од корнети со чоколаден фил.

Инспирација за подготовка на новогодишните елки ни беа производите на Витаминка, Чоко Стоби Флипс, бело чоколадо, кокос, Деспина колачи…, искомбинирани во празнична слатка бајка.

novogodisni korneti 2

Состојки:

Фил:

Декорација:

Подготовка:

  1. Чоколадото – Синтагма какао крем за торти искршете го на коцки. Чоколадото ставете го во сад на пареа да се растопи. Во садот додајте го маслото и измешајте.
  2. Со растопеното чоколадо, чоколадирајте ја внатрешноста на корнетите.
  3. Белото чоколадо ставете го во сад на пареа да се растопи. Со растопеното бело чоколадо декорирајте ја надворешната страна на корнетите. Додека чоколадото сѐ уште не е здрвено, декорирајте со шеќерни бонбони. Чоколадираните корнети ставете ги врз хартија за печење, за да се стегне чоколадото.
  4. Желатинот се става во чаша и се додава водата, па се остава да набабри за време од 5 минути. Во меѓувреме шлаг кремот и млекото се ставаат во сад за матење. Се матат со миксер додека се добие крем.
  5. Желатинот кратко време се става во сад на оган за да се растопи. Растопениот желатин се додава во садот со шлаг кремот и се продолжува со матењето за време од 2 минути. Потоа во садот се додаваат 4-те лажици чоколаден Луна крем и се мати кратко време за да се добие хомогена смеса.
  6. Во корнетите се ставаат по неколку Чоко Стоби Флипс топчиња и се додава до чоколадниот фил. Корнетите се оставаат неколку часа за да се стегне филот, а најдобро е преку ноќ. На крај, се чоколадира и долната страна на корнетите со бело чоколадо и се поставуваат врз Деспина колачи. Со тоа, новогодишните „елки“ се готови. Може да ги сервирате со кокос по желба. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
novogodisni korneti 3

Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.

*Комерцијален текст

Сподели: