празнични рецепти за печено свинско месо

3 празнични рецепти за печено свинско месо 

Празниците ни се пред прагот. Овој е период на гурмански трпези и најубави рецепти! Што да направиш за Новата година и Божиќ? – Ги избравме најдобрите 3 празнични рецепти за печено свинско месо. 

Бавно печено месо кои се дели со виљушка, печено месо со лук и рузмарин кое ја краси трпезата, а за оние покреативните им предлагаме филе „Велингтон“ – свинско месо печено во лиснато тесто. 

3 рецепти за печено свинско месо

Бавно печено свинско месо

За било која празнична трпеза, бавното печено свинско месо е вистински избор. Може да се послужи со прилог, салата или како додаток во сендвичи.

Состојки:

  • 2 кг свинска плешка или бут од Агриа
  • 2 лажици маслиново масло
  • 5-6 чешниња лук
  • 2 мали лажички сол
  • 1½ мала лажица сечкана мајчина душица 
  • 1 мала лажица сечкан рузмарин
  • ½ мала лажица црн пипер.

Подготовката на овој рецепт, прочитај ја на линкот: Бавно печено свинско месо.

Печено свинско месо со лук и рузмарин

Гурмански украс на секоја празнична трпеза! Печеното месо на овој начин е сочно и крцкаво.

Состојки:

  • 2-3 кг свински бут од Агриа (може да користите и плешка, врат)
  • крупна морска сол по вкус
  • неколку гранчиња рузмарин
  • 3-4 моркови со средна големина
  • масло по потреба
  • црн пипер и лук по вкус
  • 12 ленти чадена сланина по желба.
свинско месо со лук и рузмарин 2

Размислуваш да го приготвиш? – Продолжи со читање на овој линк: Печено свинско месо со лук и рузмарин.

Филе „Велингтон“ – месо во лиснато тесто со фил од печурки

Овој популарен рецепт ширум светот се приготвува од печено месо во крцкава кора од лиснато тесто, со богат фил од печурки и бело вино. Ти го привлековме вниманието? Еве што ти е потребно за да го направиш:

Состојки:

  • 1 свинско филе од Агриа
  • 1 главица сечкан кромид
  • 250 г сечкани печурки
  • 125 мл бело вино
  • 500 г лиснато тесто
  • 8 ленти пршута или салама 
  • сенф по потреба
  • 1 јајце
  • масло по потреба
  • сол и црн пипер.

Подготовката може да ја прочиташ на линкот: Филе „Велингтон“ – месо во лиснато тесто со фил од печурки.

Наша препорака:

Овие празници, на трпезата послужете домашно месо од Агриа. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Свежото месо може да го најдете во месарниците на Агриа ширум земјава, а исто и во маркетите на Тинекс и Рамстор. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги фан страница на Facebook и Instagram.

3 празнични рецепти за печено свинско месо

*Рецептите се овозможени од Агриа.

Сподели: