свежи моркови

Правилно чувајте ги и имајте свежи моркови до 3 месеци

Сега може да уживате во свежината на морковите и до 3 месеци после купувањето. Применете ги следните начини на чување и имајте секогаш свежи моркови при рака. Најдобриот трик за да се зачува свежината на морковите е да се минимизира количина на вода која ја губат со текот на чувањето. Морковите кои имаат подебела кора, побавно ја губат влагата и се најдобри за чување на подолг временски период.

Постојат неколку начини за да ги одржите морковите свежи повеќе недели:

  • Чување на морковите во кеса со патент
  • Чување на морковите во фиоката за зеленчук

Чување на морковите во пластична кеса со патент

Пред да се одлучите на кој начин ќе ги чувате морковите за да бидат свежи повеќе време, најважно е правилно да ги припремите. Прво отстранете ги зелените листови бидејќи тие ја извлекуваат влагата од коренот. Морковите немојте да ги миете од земјата, само ставете ги во пластична кеса со патент и чувајте ги во фрижидер. Доколку ги измиете и ги ставите во кеса, додатната влага може да предизвика побрзо расипување. Штом се изложени на воздух, морковите започнуваат да ја губат влажноста и да омекнуваат.

свежи моркови

Чување на моркови во фиоката за зеленчук

Морковите може да се чуваат во фрижидер и да бидат свежи до 3 месеци, доколку правилно се подготвени. Најважно е да ги отстраните сите зелени листови, затоа што може да доведат до расипување на морковите. Оставените листови ја користат влагата од коренот, со што морковите многу побрзо ќе се исушат.

Добар начин за чување на морковите во фрижидер е да се наредат во фиоката за зеленчук. Притоа на дното од фиоката треба да се постави дебел слој на кујнска хартија, со што свежината на морковите ќе се задржи подолго време. Доколку ги купувате морковите од пазар или маркети, и истите се претходно измиени од земјата, пред да ги ставите во фрижидер проверете дали добро се исушени. Хартијата во фиоката менувајте ја еднаш или два пати неделно по потреба. Морковите губат многу влага за време на чувањето, па затоа е важно да се одржат суви.

Правилно чуваните моркови свежината треба да ја задржат најмалку 10 дена и повеќе.  Идеално би било доколку можете да ги одгледувате во вашиот двор и во секое време да имате свежи моркови. Но, доколку немате простор или мотивација, изберете најсвежи моркови од пазарите и чувајте ги на еден од споменатите начини.

Морковите треба да се чуваат подалеку од јаболка, круши, компири и друг зеленчук или овошје кои произведуваат етилен гас, затоа што тоа доведува до создавање на горчлив вкус.

Најдобро е да е консумираат свежи моркови, како салати или пак може кратко да се варат на пареа и бланшираат. Пред употреба младите свежи моркови доволно е добро да се исчеткаат од земјата, а не да се лупат. Поголемите моркови имаат подебела кора и посилен вкус. За да се отстранат сите нечистотии најдобро е овие моркови да ги излупите, пред да ги консумирате.

Сподели: