Свински медаљони во сос од печурки

Време е за уште едно гурманско доживување! Направете промена и подгответе свински медаљони во сос од печурки и моркови. Веруваме дека ќе ви се допадне и ќе го освои сечиј вкус.

Дали месото го подготвувате само со класично печење или пржење? Сте пробале ли да направите специјалитет како во рестораните? – Следете ги чекорите и изненадете го семејството со вкусен ручек.

свински медаљони во сос од печурки

Состојки:

  • 450-700 г свинско филе од Агриа
  • сол и мелен црн пипер
  • ¼ лажичка лук во прав
  • 3-4 лажици масло
  • 500 г шампињони или печурки по избор
  • 2-3 моркови со средна големина
  • ½ главица сечкан кромид
  • 1 чешне сечкан лук
  • ¼ мала лажичка црвена буковска пипер
  • 2 мали лажички свежа мајчина душица
  • ¼ чаша брашно
  • 2½ чаши пилешки бујон
  • 1 лажичка ворчестер или доматен сос по избор.

Подготовка:

  1. Свинското каре исечете го на 12 парчиња – медаљони. Секое парче притиснете го со раката и избришете го со кујнска крпа.
  2. Во мал сад ставете ¼ лажичка сол, ¼ лажичка мелен црн пипер и ¼ мала лажичка лук во прав. Измешајте ги и зачинете ги медаљоните.
  3. Во поголема нелеплива тава, на умерено висока температура ставете 1-2 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло ставете ги медљоните и пржете ги од двете страни додека добијат кафеава боја за време од 3 минути по страна. Пржените парчиња извадете ги во чинија. Покријте ги со капак или најлонска фолија за да останат топли додека завршите со пржење на сите парчиња.
  4. Шампињоните исечете ги на половинки или четвртинки. Морковите исечкајте ги на тенки кругови. Преостанатите 2 лажици масло додајте ги во поголема тава или тенџере. Штом маслото се загрее, додајте ги шампињоните, морковите и зачинете со ¼ лажичка сол. Пропржете додека печурките добијат кафеава боја, за време од 8 до 10 минути. Во тавата додајте го и сечканиот кромид и продолжете со пржењето со повремено мешање уште 3 до 5 минути.
  5. Намалете ја температурата и додајте ги лукот, буковската пипер, мајчината душица и продолжете со пржењето уште 1 минута. Додајте го брашното и пропржете уште 2 минути.
  6. Во тавата додајте ги пилешкиот бујон и ворчестер сосот. Мешајте со жица за да се добие густ сос. По желба зачинете со сол и мелен црн пипер.
  7. Во тавата додајте ги свинските медаљони и продолжете со крчкањето уште 5 до 10 минути. Топлите свински медаљони во сос од печурки и моркови послужете ги со пире и гарнирајте со свеж магдонос. На здравје!

Совети плус:

  • Ако тавата во која ќе го подготвувате свинското месо е помала, пржењето направете го на два до три пати. Важно е при пржењето месото да има доволно простор и да не се допираат медљоните.
  • Изборот на квалитетни состојки е клучен за вкусно јадење. За подготовка користете свежо свинско месо и зеленчуци набавени од локален фармер. Кога станува збор за свежото свинско месо ги препорачуваме Агриа. Дали до сега сте го пробале месото од Агриа? – Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.
свински медаљони

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо со лук и рузмарин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: