Редена баклава со фил од ореви 1

Редена баклава со фил од ореви

Креирано и испробано во кујната на Сѐ за храна! Неизмерно уживавме во вкусот на нашата омилена редена баклава со фил од ореви, па со задоволство го споделуваме рецептот со сите вас!

Веруваме дека и вие ќе уживате во богатата сензација од вкусови, па еве како може да ја направите за вас и вашето семејство.

Редена баклава со фил од ореви 2

Состојки:

  • 500 грама кори за баклава

За фил:

За шербет:

  • 600 мл вода
  • 600 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • цеден сок од половина лимон.

Подготовка:

  1. Подготовката започнува со филот. Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот. Убаво изматете ги за време од 5 минути, додека смесата се згусни и шеќерот се растопи. Потоа додајте ги останатите состојки за филот – лебните трошки, печивото, мелените ореви и маслото. Добро измешајте со лажица.
  2. Припремете плех за печење со големина која е најблиска до големината на корите. Ако корите се поголеми од плехот, потсечете ги деловите кои ви останале и распоредувајте ги рамномерно меѓу целите парчиња кори.
  3. Плехот се припрема така што се премачкува со Брилијант масло и се започнува со редење на корите. Се става првата кора и над неа се попрскува малку масло. Потоа се става втора кора и повторно се попрскува со малку масло. Оваа постапка се повторува додека се направат 4-5 кори, а потоа се нанесува првиот слој – 1/3 од припремениот фил.
  4. Наредно, наредете 4 кори попрскани со Брилијант масло како што е објаснето погоре и нанесете ја втората третина од филот.
  5. Повторно наредете 4 кори попрскани со масло и нанесете ја третата третина од филот.
  6. За најгоре е важно да имате барем 3 кори, а измеѓу, бројот на корите во слоевите може да варира од 4-5 кори, зависно од бројот на кори во пакувањето.
  7. На крај, со помош на кујнска четка премачкајте ја најгорната кора со Брилијант масло и готовата редена баклава со фил од ореви исечете ја на коцки.
  8. Печете ја во загреана рерна на 170-180 степени, додека убаво порумени и добие златно кафеава нијанса.
  9. Откако се испекла, баклавата се остава малку да се излади.
  10. Во меѓувреме се припрема шербетот. Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во сад на оган. Шербетот варете го околу 10 минути, сметано откако ќе зоврие. Потоа, тргнете го настрана за време од 1-2 минути и додајте го свежо цедениот сок од лимон. Измешајте со лажица и потурете ја баклавата. За рамномерно да го распределите шербетот, користете голема кујнска лажица. Запазете го правилото, шербетот да е жежок, а баклавата малку изладена.
  11. Вака припремената баклава оставете ја отстои барем 4 часа, за добро да се излади и да се впие шербетот, а најдобро преку ноќ. Сервирајте си парче и уживајте во светот на вкусовите!
Редена баклава со фил од ореви 3

Ви препорачуваме да прочитате: Баклава со лешници и чоколадо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: