Хранлива маска против брчки околу очите

Хранлива маска против брчки околу очите

Маслиновото масло стекна голема популарност и ужива добро мислење кај голем број жени кога станува збор за природна нега. Досега многу често сме слушале за негова многу едноставна употреба за нега на лицето, во вид на облоги за прихрана на кожата, а сега ви предлагаме малку надополнета примена во вид на хранлива маска против брчки и тоа посебно наменето за намалување на брчките во делот околу очите.

Прочитајте како со само две, лесно достапни состојки можете да го разубавите своето лице и да ја затегнете и измазнете кожата околу очите, а пред сé да придонесете за да се чувствувате поубаво и посамоуверено.

Хранлива маска против брчки околу очите

Состојки:

  • 50 мл маслиново масло
  • 4-5 капсули витамин Е.

Подготовка:

  1. Во чист сад ставете ги маслиновото масло и капсулите.
  2. Убаво измешајте ги, па нанесете ја маската врз чиста и сува кожа со нежна масажа на делот околу околу очите.
  3. Оставете ја делува околу 5-10 минути, а потоа не морате да ја миете и може со помош на хартиено марамче лесно да го отстраните вишокот. Оваа хранлива маска против брчки можете да ја нанесувате околу очите секоја вечер.

Запамтете дека убавината бара упорност и истрајност, како и целокупна нега на лицето за резултатите да бидат видливи и да сте задоволни.

Сподели: