отворање пиво

14 начини за отворање пиво без отворач

Нема ништо полошо од тоа да имате при рака ладно пиво, а да немате отворач. За среќа ние имаме решение! Можеби ќе пробате со цела сила на рацете да го отворите капачето, но тоа не ви го препорачуваме.

Пивото е алкохолен пијалак кој се прави од квасец, хмељ, јачмен и вода, а спаѓа во алкохолни пијалаци со мала концентрација на алкохол (3-13 %). Тоа е еден од најстарите пијалаци кој се користел во Египет, а денес е застапен низ целиот свет. Интересен факт е тоа што пивото во минатото пивото не се употребувало како пијалак, туку се користело како лек и храна.

Ладното пиво е идеално освежување во топлите летни денови. Но, ако ви се пие пиво, а немате отворач, послужете се со некој од следните совети во видеото и брзо отворете го вашето ладно пиво. Mashable креираа едно интересно видео со 14 необични начини за отворање пиво без отворач. Некои се доста успешни, некои не би ги препорачале. Погледнете го видеото, можеби некогаш ќе ви биде од голема корист.

Сподели: