Секојдневен ритуал на секоја жена при излегување, одење на работа или средба со пријателите е нанесувањето на шминка. Следејќи ги светските трендови, можеме да кажеме дека природната козметика е многу поактуелна и тоа со право. Инспирирани од тоа, ве запознаваме со природните масла кои ја негуваат кожата и одлично ја отстрануваат шминката.
Сигурно сте слушнале дека тајната на убавите жени се крие во отстранувањето на шминката пред спиење. Доколку немате навика редовно да ја отстранувате шминката, треба да знаете дека кожата може да ја загуби својата еластичност и убавина. За разлика од класичните препарати за чистење на лицето, природните масла не содржат додатоци и затоа се многу побезбедни за употреба. Покрај тоа, совршено ги чистат порите и ги отстрануваат козметичките средства. Маслата го подобруваат тонусот на кожата и ја потхрануваат. Благодарение на нив, може да ја спречите појавата на брчки и опуштена кожа.

Зошто природните масла се толку популарни во светот на природната козметика?
Растителните масла содржат витамин Е и корисни состојки кои го поттикнуваат создавањето на колаген. Тие го негуваат лицето, евтини се, лесно достапни и што е најважно потполно безбедни за употреба. Иако постојат многу добро познати состојки кои се користат во производите за комерцијална нега и миење на кожата, природните масла се секогаш многу подобар избор. За ваквите средства науката јасно кажува дека имаат штетно влијание, како за самата кожа, така и за општото здравје. Но, високите комерцијални интереси, секогаш го заземале поважното место пред медицината, науката и хуманоста. Па затоа, доколку убавината ви е приоритет и сакате кожата што подолго време да ви остане млада и сјајна, наместо средства за симнување на шминка, користете ги подолу споменатите масла кои ја негуваат кожата. Ефектите ќе ги забележите по првите неколку употреби.
Ладно цедено масло од тиква за нега на чувствителна кожа
Ладно цеденото масло од тиква е многу корисно за организмот, па треба секогаш да ви биде при рака. Богато е со триптофан, незаситени масни киселини и многу антиоксиданси, што го прават супер храна за мажи и жени. А, кога маслото се добива со постапка на ладно цедење, неговите придобивки и за нега на кожата се бескрајни. Маслото и сапунот со ладно цедено масло од тиквени семки се вистински извор на витамини Е, К и Б, манган, калциум и калиум. Како природни производи се неопходни за правилно негување и одржување на нежна, осетлива и чувствителна кожа.
Ладно цедено масло од тиква и сапун произведува македонската иновативна компанија Фила, а истото може да го набавите преку нивната онлајн продавница, во поголемите маркети и продавници за здрава храна.

Маслиново масло и масло од чајно дрво за нега на чувствителна нега склона кон акни и митесери
Маслиновото масло е одлично за отстранување на шминка. Се препорачува да се промеша со масло од чајно дрво. На тој начин не само што ќе ја отстраните шминката, туку и темелно ќе ја исчистите кожата и ќе ги ублажите воспалителните процеси. Па така, во една лажица маслиново масло додајте 3-4 капки масло од чајно дрво и нанесете го на чисто лице.
Ладно цедено масло од сусам за отстранување на шминката и нега на сува кожата
Kога станува збор за одржување на здравјето на кожата, со сигурност можеме да кажеме дека помалку е повеќе, а природното е подобро. Најпознатите и најсофистицирани козметички и спа центри во светот и најдобрите козметички линии се враќаат кон употребата на мал број внимателно одбрани природни состојки со докажано дејство на нега и заштита на кожата. Затоа да се вратиме кон моќните лековити и негувачки својства на природата со користење на ладно цеденото сусамово масло и Фила сапунот изработен со ладно цедено масло од сусам.
Сусамовото масло е одлично средство за хидратација, бидејќи и помага на кожата да ја задржи влагата. Содржи три моќни антиоксиданси кои ја заштитуваат кожата од штетното влијание на сонцето и го забавуваат процесот на стареење. Тоа се должи на големата количина масни киселини како што се палмитолеинска, стеаринска, палмитинска, олеинска, арахидонска и мирисинска. Како резултат на високото ниво на витамин Е и на Б-комплекс групата на витамини присутни во маслото од сусам, овој сапун изобилува со екстракти кои содржат моќни биоактивни молекули со докажано и ефикасно дејство за нега и убавина на кожата. Се што ни е потребно за негувана и здрава кожа е вистински сапун и вода!
Ладно цедено сусамово масло и сапун може да купите од Фила, во поголемите маркети, во продавниците за здрава храна или преку нивната веб продавница ако кликнете на линков. Пакувањето е мало и компактно, од 250 мл и лесно ќе го препознаете. Повеќе за придобивките од употребата на ладно цеденото сусамово масло може да прочитате тука.
Може да ве интересира: Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа.
Како да ја отстраните шминката со помош на масло?
Постапката за отстранување на шминка од лицето со масло е многу едноставна. Само нанесете масло врз целото лице и измасирајте ја кожата, вклучувајќи ја и областа околу очите. После 1 минута, може да го избришете лицето со памучно туферче или хартиена салфетка. Постапката повторувајте ја неколку пати се додека ја отстраните целата шминка. Откако ќе ја симнете целата козметика од кожата, лицето темелно исплакнете го со топла вода.
Ви препорачуваме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.
*Спонзориран текст