3 најсилни природни антибиотици за зајaкнување на имунитетот 1

3 најсилни природни антибиотици за зајaкнување на имунитетот

За зајакнување на имунитетот и лечење на настинките, лекот можете да го побарате во лесно достапните природни антибиотици. Често пати, домашните лекови можат да помогнат многу повеќе и од таблетите.

Доколку сакате на природен начин да го зајакнете имунитетот и да подобрите функционирањето на својот организам, има три природни антибиотици кои ги издвоивме со причина.

3 најсилни природни антибиотици за зајкнување на имунитетот 2

Масло од оригано

Ова магично масло се добива од листовите на ориганото. Освен што неговиот мирис и арома совршено се вклопуваат во голем број на јадења, постојат повеќе истражувања кои потврдуваат дека ова масло е моќен борец против инфекции. Се смета дека заслугата за ова својство се должи на состојката во неговиот состав, која е наречена карвакрол. Многу мала доза од ова масло поседува неверојатни антибактериски својства, против 25 видови на бактерии.

Дозирање: Ставете 1-4 капки, три пати дневно во шолја чај или чаша сок.

Лук

Го обожаваме во јадења, свеж или во прав. Лукот е крал на зеленчуците. Неговата силна арома и мирис го претвораат во совршен зачин, но тој има и многу други корисни својства. Лукот е силен природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии како што тоа го прават хемиските антибиотици.

Благодарение на алицинот во својот состав, лукот има антибиотичко дејство. Тој го успорува растот на бактериите, успешно ги уништувавирусите и габичките, па е ефикасно средство против настинки и грип.

Дозирање: 2-4 чешниња лук дневно се доволни за постигнување на овој ефект. Додајте ги во салати или супи, а најдобро јадете го свеш.

Чили пиперчиња

Ова е многу едноставен лут зачин, со дискретен вкус кој се вклопува интересно во разни јадења. Најчесто се користи во вид на прав или сушени пиперчиња. Неговите моќни својства за здравјето опфаќаат широк спектар. Во ајувердата и кинеската медицина, чили е ценет аналгетик против болки, воспаленија и бактерии.

Дозирање: 1/2 лажичка дневно е доволна како додаток на јадења. Или пак, истата количина поделете ја во две шолји чај или сок.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни антибиотици од кујната.

Клучни зборови:

Сподели: