природни антибиотици

Топ 5 природни антибиотици

Поради зачестениот број на заболувања во последно време, а исто така како одговор на многуте прашања од нашите читатели, направивме листа од најефикасните природни антибиотици за борба против инфекциите кои ни се закануваат секојдневно.

За разлика од класичните лекови, природните антибиотици не се штетни за здравјето, не ја уништуваат цревната флора и не предизвикуваат создавање на резистентни бактерии. Затоа, кога е возможно, најпрво посегнете по природните лекови, а класичните антибиотици употребувајте ги само во случај на крајна потреба. Ви претставуваме неколку од најкорисните подароци од природата со антибиотички својства.

Лук

Различните народи од целиот свет со векови го применуваат лук за медицински цели. Познат по своите антибактериски, антивирусни и антифунгални својства, лукот е лесно достапна храна која помага за спречување и лекување на многу болести. Активната состојка во лукот, позната како алицин, е најодговорна за уништување на штетните бактерии. Покрај тоа, лукот е богат со природни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали. За да ги искористите лековитите својства на лукот, додајте го суров како зачин во зготвената храна, а ако ви годи лута храна, слободно можете да го јадете само него. Лукот може и да се зготви, но со оваа постапка се намалуваат неговите лековити својства. Доколку ви смета непријатниот мирис на лукот по оброкот, еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да ја неутрализирате неговата миризба.

Ехинацеа

Со векови, ехинацеата се користи во третманот на широк спектар на инфекции. Денес најчесто се употребува при инфекции на респираторниот систем. Постојат податоци дека таа е ефективна против исклучително моќни бактерии како Staphylococcus aureus. Ехинацеата помага и во зајакнувањето на одбранбените сили на организмот и го прави поефикасен во борбата против бактерии и вируси. Го подобрува здравјето на респираторниот, дигестивниот и уринарниот систем, а исто така и ги прочистува од бактерии, смирува воспаленија на кожата, ја прочистува лимфата и го зајакнува имунитетот. Може да се користи како чај или тинктура. Само неколку капки од нејзината тинктура може да ја запрат болката во грлото уште во самиот почеток на воспалението.

природни антибиотици

Мед

Доколку почнеме да ги подредуваме највкусните и најефикасни природни антибиотици, медот најверојатно би го зазел врвот. Истражувањата покажуваат дека повеќето видови на мед имаат антибактериски својства, но манука медот е особено моќен благодарение на природната состојка наречена метилглиоксал. Таа делува на широк спектар на бактерии, дури и на оние кои се отпорни на антибиотици. Неговата локална апликација делува на голем број на патогени бактерии, меѓу кои Staphylococcus aureus. Доколку редовно се консумира, медот помага при лекување на широк спектар на бактериски инфекции и зајакнување на имунитетот.

Прополис

Корисните ефекти на прополисот се познати од времето на Хипократ, кој го користел за лекување на рани и чиреви. Прополисот содржи најмалку 19 активни супстанции, сите познати витамини и 13 од 14-те минерали кои му се потребни на телото. Неговите антибиотски, антивирусни и антиинфламаторни (антивоспалителни) својства можат да помогнат во борбата со респираторните инфекции, за зајакнуање на имунитетот, а исто така се користи и во стоматологијата, при воспалителни процеси на меките ткива во усната шуплина.

Масло од диво оригано

Маслото од диво оригано е ефикасно против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево, инфекции на уринарниот систем, тифусна треска, колера, чиреви и инфекции на кожата. Освен што ги уништува патогените бактерии, маслото од оригано има силно антивирусно дејство и ефикасно заштитува од грип, настинки, заушки и сипаници. Исто така е корисно за спречување на инфекција, намалување на воспалението и болката од прободи рани и каснувања од животни. Има моќ да ги неутрализира отровните каснувања од пчела, змија и пајак.

Ви предлагаме да прочитате: Прополис – природен антибиотик

Сподели: