прополис природен антибиотик

Прополис – природен антибиотик

Прополисот е природна храна и лек кој му помага на организмот на бројни начини, а тоа е познато со векови наназад во народната медицина. Доколку имате проблем со имунитетот, често настинувате или имате болки во грлото, пчелиниот прополис е одлично решение за подобро здравје. Прочитајте како да ја искористите неговата моќ.

прополис природен антибиотик

Кога станува збор за здравјето, не треба да се размислува многу. Консумирањето на пчелните производи, меѓу кои како најприменуван е медот, препорачливо е секојдневно да се консумира минимум по една лажица на ден. Но секако во семејството на пчелни производи спаѓа и прополисот, кој е познат како еден од најдобрите природни антибиотици. Искористете го и подобрете си ја здравствената состојба, а притоа заштитете се од потенцијалните болести кои се карактеристични за периодот на настинки.

Прополисот од минатото се користел како лек за тешки рани, така што докторите користеле газа натопена во мед и екстракт од прополис, која ја ставале врз раните. Прополисот е еден од  најценетите пчелни производи кој се уште во лабораториите ги фасцинира научниците. Содржи повеќе од 60 хемиски супстанци, 55% смола, 30% восок, 10% етерични масла, 5% полен и витамини Е и Б, железо, цинк, ензими.0

Занимливо е тоа што бактериите не создаваат отпорност на прополис, а употребата на овај пчелин производ нема штетни последици врз здравјето на луѓето. Прополисот успешно се бори против вируси, настинки и херпеси, а успешно делува кај парадентоза и болки во грлото. Исто така се користи за лечење на инфекции, отворени рани, изгореници и слично. За да го зајакнете имунитетот користите го редовно како дел од вашата исхрана.

Прополисот може да се најде во аптеките, големите маркети и продавниците за здрава храна. Бидете сигурни дека тоа е произведен од производител во кој имате доверба, затоа што прополисот треба да биде со највисок квалитет.

Сподели: