Кујнските сунѓери играат значајна улога во одржувањето на чистотата во нашите домови. Со нив чистиме секојдневно и тоа основните садови за готвење, како што се тенџерињата и тавите, чиниите и приборот со кој јадеме, како и работните површини на кои ја приготвуваме храната. Повеќе од доволно за да се потсетиме колку е важно кујнскиот сунѓер да е чист, нели!?
Одржувањето на кујнскиот сунѓер чист го спречува ширењето на бактерии на површините во кујната, ги неутрализира непријатните миризби и ги прави вашите садови блескаво чисти. Откривме неколку начини и ви споделуваме како најлесно може да го исчистите и дезинфицирате кујнскиот сунѓер.
Често луѓето го чистат сунѓерот само со топла вода и средство за миење садови. Но, тоа не е доволно за темелна чистота, па погледнете кои 4 начини ги идвоивме.

Во машина за миење садови
Чистењето на кујнските сунѓер во машина за миење садови е едно од најлесните решенија. По миењето на садовите, сунѓерот добро исплакнето го и исцедете го, па ставете го на горната решетка и пуштете ја машината низ циклус на термичко сушење (доколку ја има таа опција). Секоја поставка на машината (на 60 степени) овозможува ефикасно отстранување на бактериите од сунѓерот.
Во микробранова печка
Микробрановата печка е уште еден ефикасен начин за уништување на бактериите во кујнскиот сунѓер. Прво натопете го кујнскиот сунѓер во вода (1/2 чаша). Влажниот сунѓер ставете го во микробрановата на висока температура за време од 1 до 2 минути. Оставете го да се излади, а потоа отстранете го вишокот вода.
Дезинфекција со оцет
Eфтин, лесен и едноставен начин за дезинфекција на сунѓерите. Ви треба само оцет и вода. Натопете го сунѓерот во оцет и оставете го 5 минути. Потоа, темелно исплакнете со топла вода и оставете да се исуши.
Во врела вода
Кујнските сунѓерчиња исто така може да ги дезинфицирате со врела вода. Во сад ставете 2 чаши вода да зоврие. Кујнскиот сунѓер ставете го во зовриена вода и оставете го да отстои 5 минути. Оставете го целосно да се излади во водата, а потоа извадете го и отстранете го вишокот вода. Едноставно, зарем не?
Совет плус:
Ние истражувавме и препораките велат дека кујнските сунѓерчиња треба да се менуваат еднаш неделно. Меѓутоа бидејќи ретко кој тоа го прави, потсетуваме дека е важно барем да се дезинфицираат кујнските сунѓери најмалку еднаш неделно. А за да заштедите време и труд вложено во чистење на сунѓерите тука е Фино, најверен пријател на вашиот дом. Со SilverBlock сунѓерите на Фино кажете им збогум на бактериите во вашата кујна! SilverBlock сунѓерот на FINO има уникатни анти-бактериски својства. Долготраен е и ефикасен, отпорен на бактерии и непријатни миризби. Ефикасно ја чисти секоја површина и не остава траги. SilverBlock сунѓерот може да го најдете во сите подобро снабдени маркети! А за да ги разгледате сите нови и практични производи следете ги FINO на Instagram и Facebook. Fino е вашиот пријател на кој можете да му верувате!

Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети кои ќе ви помогнат да ги отстраните „уметничките дела“ од децата на ѕидот.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е овозможен од FINO.