4 необични примени на лимонот 1

4 необични примени на лимонот

На сите им е добро познато дека лимонот е овошје кое изобилува со витамин Ц и е неизоставна намирница на нашето мени, за здравје, а и кога ќе заболиме од грип или настинка. Но, освен за тоа, во нашите домови може да го искористиме на многу други интересни и креативни начини. Па, во продолжение прочитајте за мал дел од креативните и необични примени на лимонот во нашето секојдневие.

Со него може да ја декорирате вашата празнична трпеза или пак да го спречите овошјето да потемни. Со негова помош може да се ослободите од непријатните мириси или пак од непосакуваните дамки. Да лечите настинка и грип или да и дадете прекрасен вкус на вашата супа…

4 необични примени на лимонот 2

Лимонот може да се искористи за декорација на празнична трпеза

Доколку пред свечената вечера или ручек немате никаква декорација за на маса, а предоцна е за да отидете до цвеќара, лимонот може да ви биде повеќе од корисен. Едноставно земете некој поголем стаклен сад или сад за торта и на него наредете повеќе лимони по можност со се ливчиња. Доколку на оваа декорација додадете и по некој лешник, орев или бадем, вашата трпеза со сигурност ќе заблеска.

Може да се користи како средство за избелување на алиштата

Покрај лимонот слободно може да заборавите на употребата на штетните избелувачи за алишта. За да и го вратите сјајот и свежината на старата долна облека, едноставно при секое перење додајте по ¼ или ½ чаша свеж лимонов сок. Сигурни сме дека ќе бидете изненадени од резултатите.

Може да си направите домашен лек за болно грло

За да се ослободите од непријатната болка во грлото се што треба да направите е да пресечете еден лимон на половина и да го печете на рингла од електричен шпорет додека добие златно кафеава боја. Откако ќе се излади, вака подготвениот лимон само исцедете го, а добиениот сок измешајте го со лажичка мед и испијте го.

Може да го користите како природен осветлувач за коса

Доколку посакувате посветли прамени во косата, повеќе не треба да посетувате скапи фризерски салони. За таа цел се што ви е потребно е да исцедите 2 лимони, да ги промешате со малку вода и да ги оставите да отстојат околу еден час. Потоа течноста процедете ја и соберете ја во шишенце со пумпица. Со вака подготвената течност прскајте ја косата половина час пред миење, а потоа косата мијте ја како и обично. Резултатите ќе бидат видливи по само неколку третмани.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 начини да употребите сок од лимон за косата.

Сподели: