Во нашето тело се присутни голем број на нутриенти кои се од голема важност за нормално функционирање на организмот. Таков нутриент е и прочуениот коензим Q10. Коензимот Q10 е позната состојка на храната која има улога во подмладување на телото и зачувување на целокупното здравје. Затоа решивме да направиме мало истражување. Ви ги откриваме најзначајните придобивки зошто на организмот му е потребен коензим Q10.
Коензим Q10 е природен антиоксиданс присутен во човечкиот организам и е неопходен за создавање на енергија. Во најголеми концентрации го има во бубрезите, црниот дроб и срцето. Со намалувањето на концентрацијата на CoQ10 во телото, слабее имунитетот и како последица на тоа, се забрзува стареењето на организмот. Максимална концентрација на коензим Q10 човекот има 22-23 години, а после 35-тата година, концентрацијата опаѓа како резултат на намалување на функцијата на црниот дроб.

Со оглед на тоа што во срцето има голема концентрација на CoQ10, неговиот недостаток се поврзува со кардиоваскуларни проблеми како што се ангина пекторис, аритмија, застој на срцето и висок крвен притисок. Дисбалансот на шеќерот во крвта, проблемите со непцата и чировите во желудникот се поврзуваат со недостаток на овој коензим. Лицата кои земаат лекови за намалување на холестеролот, имаат намалена концентрација на CoQ10, што може да доведе до болки во зглобовите и мускулите.
Храна богата со коензим Q10
За нормално функционирање на телото и одржување на правилно ниво на коензим Q10, се препорачува консумација на следните намирници:
- портокали
- јагоди
- семе од сусам
- брокула
- карфиол
- ф`стаци
- екстра девствено соино и маслиново масло.
Зошто на организмот му е потребен коензим Q10?
За здраво срце и крвни садови
CoQ10 ја зголемува еластичноста на крвните садови и ја спречува оксидацијата на LDL (лошиот) холестерол. Исто така, го намалува ризикот од оштетување на ѕидовите на крвните садови кое доведува до мозочен удар, хипертензија и срцеви болести. Коензимот Q10 го забрзува заздравувањето на организмот после инфаркт. Ја ублажува аритмијата и го намалува ризикот од повторен инфаркт.
Ја подобрува плодноста
CoQ10 е важен и за плодноста. Го чува здравјето на јајце клетките и сперматозоидите. Игра важна улога во заштита на здравјето на фетусот. Посебно се препорачува на жени кои сакаат да зачнат после 35-тата година, затоа што во тие години плодноста е намалена. Благодарение на антиоксидативното дејство и способноста да ја зголемува енергијата, овој коензим ја помага подвижноста на сперматозоидите.
Му дава сила и енергија на организмот
Во денешно време сѐ повеќе луѓе страдаат од хроничен замор. Недостатокот на коензим Q10 доведува до намалено производството на аденозин трифостат (ATP), кој е основен извор на енергија за организмот. Па така, недоволната концентрација на CoQ10 предизвикува појава на хроничен замор.
Го чува здравјето на мозокот
За својата работа, мозокот троши многу енергија. CoQ10 е важен за негово здравје и заштита. Го успорува стареењето на мозокот и ги штити клетките од недостаток на кислород.
Наша препорака за дополнителен внес на CoQ10
Бидејќи најчесто прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно, храната како извор не обезбедува доволни количини. Затоа се препорачува дополнителен внес на овој коензим. А, како таков ви го препорачуваме NOW CoQ10. NOW CoQ10 е со фармацевтски квалитет кој содржи само 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација. Производот е погоден за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО. Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, со храна. Од Тримекс имаат и комбинација на коензим Q10 и витамин Е.
Коензимот Q10 (CoQ10) може да се сретне и во редуцирана и активна форма – убикинол. Убикинолот е основа за производство на енергија на митоходриите и дејствува како моќен, растворлив во масти, елиминатор на слободните радикали. NOW® Ubiquinol CoQH-CF ™ содржи d-Limonene со што природно се зголемува неговата растворливост и интестинална апсорпција, и се создава производ со супериорна биолошка вредност.
- Активна форма на CoQ10-50 mg
- Супериорна биорасположливост
Доколку земате лекови за срце, консултирајте се со вашиот лекар. CoQ10 го јакне срцевиот мускул и може да влијае на препишаната доза на лекови.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги нашите пријатели Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
CoQ10, CoQ10 + Vit E и Ubiquinol CoQH-CF може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава. Производите може да ги најдете и низ повеќето аптеки ширум земјава.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Храна и суплементи кои ја чуваат младоста.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.