убав мирис во домот 1

4 начини како да имате убав мирис во домот

Искористете ги состојките во кујната и обезбедете го домот со неодоливи ароми! Па, зарем има некој кој не посакува убав мирис во домот? Сигурни сме дека не, па прочитајте!

Мирисите можат и тоа како да влијаат на вашето расположение. Може да ве потсеќаат на убави моменти, на годишните времиња или на детството. На пазарот постојат голем број на освежувачи за простор, но некои од нив содржат штетни супстанци.  Па, зошто да не направите природни освежувачи кои никому нема да штетат?

убав мирис во домот 2

Ви претставуваме 4 различни начини како да имате фантастичен мирис и свежина во домот

Мирисни свеќи од ванила и кафе

Оваа комбинација ќе го исполни домот со топлина. Купете од малите свеќички во метални држачи, со мирис на ванила. Тие се топат веднаш откако ќе ги запалите, а штом се истопи восокот во него додајте неколку зрна кафе. Изгаснете ја свеќата и чекајте да се излади, а восокот да се стврдне.  Наредниот пат кога ќе ја запалите, домот ќе мириса прекрасно.

Полнет мирисен филтер

Земете филтер за кафе (или подебела хартија), игла, конец, сува кора од јаболко и портокал, каранфилче, цвет од лаванда, рузмарин и цимет. Сите состојки ставете ги во филтер хартијата и едноставно зашијте. Полнетиот мирисен филтер е спремен да го изгорите во печка на дрва или камин. А, може да го подарите на некој друг исто така.

Грејпфрут и цимет за влажен воздух

Во ладните денови воздухот обично станува сув, а посебно ако имате централно греење. Но и за тој „проблем“ има мирисно решение. Наполнете тенџере со вода во која ќе ставите кора од грејпфрут и 2 лажици цимет во прав. Оставете да зоврие, па намалете ја температурата. Пареата од тенџерето ќе го навлажни воздухот во вашиот дом и ќе го претвори во мирисна оаза.

Мирисна чинија

Изберете дрвен, стаклен или керамички сад во кој ќе ставите што и да имате од следниве состојки: сува кора од портокал, лимон или грејпфрут, стапче од цимет или ванила, зачини како каранфилче и анасон, разно суво овошје или цвеќе. Употребете ја фантазијата.  Кога ќе ја наполните чинијата, сите состојки попрскајте ги со неколку капки од омиленото есенцијално масло.

Ви препорачуваме да прочитате: Природни освежувачи за автомобилот и домот.

Сподели: