здравствени придобивки од пробиотиците

5 здравствени придобивки од пробиотиците

Кога ќе се спомнат пробиотиците, први мисли кои ни паѓаат на памет се јогурт и подобра дигестија. Но, јогуртот не е единствената храна во која може да ги пронајдете, а нивните здравствени ефекти се многубројни. Во текстот што следува, ви претставуваме 5 здравствени придобивки од пробиотиците кои вреди секој да ги знае.  

Пробиотици се живи микроорганизми кои поволно делуваат на луѓето, подобрувајќи ја нивната цревна микробна рамнотежа и е нормално да се присутни во дигестивниот тракт. Зборот пробиотик доаѓа од грчките зборови pro што значи за и bios што значи живот.

Ја подобруваат дигестијата

Во цревата на дигестивниот систем нормално се присутни одредени бактерии. Нарушувањето на нормалната микрофлора може да доведе до проблеми со варењето на храната. Пробиотиците делуваат позитивно на варењето на храната така што го помагаат разложувањето на сложените шеќери, обезбедуваат неутрална pH средина на цревата и го помагаат уништувањето на штетните бактерии.

Го намалуваат високиот крвен притисок

Истражувањата покажале дека пробиотиците може да помогнат во намалување на крвниот притисок. Тоа се должи на способноста за подобрување на липидниот профил на крвта, ја намалуваат отпорноста на инсулинот и го регулираат нивното на ренинот – ензим одговорен за регулација на крвниот притисок.

Може да помогнат за намалување на холестеролот

Способноста на пробиотиците да го врзуваат холестеролот помага за спречување на неговата апсорпција во цревата. Покрај тоа, пробиотиците помагаат во создавањето на жолчните киселини и на тој начин учествуваат во метаболизмот на масти и холестерол. Една студија потврдила дека пробиотиците од родот Lactobacillus значително можат да го намалат вкупниот холестерол и „лошиот“ LDL холестерол во крвта.

Може да ве интересира: Како да го намалите покачениот холестерол во крвта?

Acidophilus 4×6 – моќна комбинација на пробиотици достапна и кај нас

Од пробитоците кои ги имаме на нашиот пазар, може да ги издвоиме Acidophilus 4×6. За дополнителна поддршка на имуниот систем го препорачуваме овој природен суплемент на најпродаваниот бренд NOW FOODS кој во себе содржи 6 корисни пробиотици меѓу кои и Lactobacillus acidophilus, која создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетните цревни бактерии, а со создавањето на ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на отпадот од организмот.

празнично јадење

Acidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата.

Во неговиот состав влегуваат

  • Lactobacillus acidophilus
  • Bifidobacterium bifidum
  • Bifidobacterium longum
  • Streptococcus thermophiles
  • Lactobacillus bulgaricus
  • Lactobacillus paracasei.

Производот можете да го купите од сите подобро снабдени аптеки, но и да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. За повеќе информации за Acidophilus 4×6  посетете ја веб страницата на Тримекс или контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h.

Совет плус: Треба да се избегнува истовремено земање на антибиотици и лактобацили, а ако се земаат заедно помеѓу дозите треба да се направи разлика од неколку часа.

Пробиотиците може да помогнат за намалување на симптомите од ревматоиден  артритис

Дали знаете дека здравјето на цревата е поврзано со автоимуните одговори на организмот? Тоа е случај и со ревматоиден артритис, па кај лицата кои боледуваат од оваа болест се препорачува помошна терапија со пробиотици. Една студија ја утврдила корист од употребата на Lactobacilus casei, за намалување на воспалението и прогресијата на болеста.

Корисни се за обновување на микрофлората и намалување на телесната тежина

Голем број на истражувања укажуваат на поврзаноста помеѓу цревната микрофлора и здравата телесна маса. Во главно, пообезните лица имаат повеќе штетни, а помалку добри бактерии. Па затоа лицата кои имаат прекумерна маса се препорачува заедно со посебниот режим на исхрана да консумираат храна богата со пробиотици кои го уништуваат дејството на штетните микроорганизми во дигестивниот систем.

Пробиотиците се наоѓаат во ферментираната храна како што се:

  • кисела зелка
  • кисели краставички
  • јогурт
  • кефир

Можат да се користат во вид на суплемент, особено при терапија со антибиотици. Живеј здраво, живеј сега!

Ви препорачуваме да прочитате: Како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување?

*Спонзориран текст

Сподели: